Pages

ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОСКИ

ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОСКИ (1851-1908)
Неговиот татко бил сточар и трговец, а тој своето основно образование го завршил во своето родно село. Потоа отишол на Света Гора, каде што го прифатил отецот Натанаил. Со него отишол во Русија, Петроград да учествува на прославувањето на браќата Кирил и Методиј. Неговиот интезнзивен живот е исполнет со бројни и разновидни општесвени активности, особено по оние кои посегале по асимилирањето на македонскиот народ. Своите желби изразени со неговиот висок македонски патриотизам се потврдени и во неговите лични записки "Спомени", за жал недоволно познати меѓу пошироката јавност. Во таа смисла сведочи и мотото на неговиот ракопис кој гласи: "Јас не сакв да трупам земно богаство и да се гордеам со велелепните дворци накитени со злато и сребро. Мојата единствена пламена желба беше да се жртвувам за нашата мила татковина, за нашата несреќна мајка, вековната робинка Македонија".
литература: исто.ПОВЕЌЕ (текстот е испратен од Слободан Шошкоски); Неимар, зограф, преродбеник, но пред сe бунтовник и неспокојник, еден од првите револуционери и политички работници кои се залагале за заедничка борба на македонскиот и албанскиот народ за ослободување од турската власт.Роден е во Лазорополе на 9 март 1852 година, како што кажува самиот во својата книга „Спомени“, издадена во Софија во 1922 година. Негов татко е Раде или Радул Кузманов Мажоски, кој според едни бил зограф и копаничар, а кој што занает им го пренел и на своите синови, додека според други, тој бил богат ќеаја. Името на мајка му останува непознато, но според сопствените искажувања дека Аџи Сековци (Жунгуловци-Ажиевци) биле негови вујковци, се доаѓа до заклучокот дека мајка му потекнувала од овој богат и влијателен лазороски род. Првичното описменување го добил на осумгодишна возраст во селското црковно училиште. На дванаесет годишна возраст го напуштил училиштето и заедно со своите двајца браќа Јосиф и Јаков започнал да го изучува иконопиството. Како 15 годишен отпатувал на Света Гора, во Зогарфскиот манастир каде останал два месеци од 1 март до крајот на април 1867 година. Таму тој се запознал и се спријателил со познатиот преродбеник и борец за македонската црковна самостојност, тогаш сеуште јеромонах, а подоцна митрополит Натанаил Кучевишки. Заедно со него истата година отишол во Русија за да учествува на прославата на празникот на Светите браќа, просветителите Кирил и Методија.Во 1869 година, тој како претприемач (набавувач на дрвени железнички прагови) работел на изградбата на железничката линија Солун-Митровица (Косово). Парите што ги имал заработено ги искористил за да воспостави контакт и познанство со рускиот царски претставник во Цариград, грофот Игнатиев (познат словенофил и поддржувач на словенските национални преродби)На 20 април 1871 година од Цриград се вратил во родното Лазарополе, за да работи на полето на истерување на Дебарскиот владика Антим и на неговото грчко влијание во таа средина. За таа цел тој се поврзал со познатите првенци од градот Дебар, Кичево, Галичник. Само соработката со неговите лазоровци му била слаба зашто тие него го доживувале како несериозен. (Треба да се истакне дека во Лазорополе во тоа време веќе имало сериозен организиран отпор против ширењето на грчкото влијание.)Во 1873 година, Исаија бил наклеветен од грчкиот владика Антим дека е бунтовник и помагач на албанските ајдуци, по што тој бил стражарно спроведен од Дебар во Битола, каде останал затворен цел месец. По ослободувањето се вратил во Лазорополе и активно почнал да размислува за физичка ликвидација на грчкиот владика Антим. Со сопственото наоружување кое го поседувал заминал во Албанија (во селото Тополјани) каде се сретнал со својот стар пријател албанскиот војвода Бајрам Даноски и кого што успеал да го убеди да соберат околу 40-тина души алабанци, по што се прогласиле за качаци-комити. Ова влијаело превентивно на грчката пропаганда што ја ширел владиката, бидејќи тој заплашен од активностите на четата, многу ретко излегувал од градот Дебар, чувствувајќи се несигурен.Во 1874 година, Исаија Мажоски, заедно со својот пријател албанскиот војвода Бајрам Даноски, одат на повикот на Гани бег Топтани во Тирана, каде што се случил собир на албанските првенци и каде што било решено да работат за ослободувањето на Албанија од под турската власт. Во истава оваа година Исаија Мажоски на чело на 20 души вооружени албанци, упаднал во дебарската митрополија со цел да го киднапира или можеби физички да го ликвидира грчкиот владика Антим. Но, не го нашол во митрополијата, бидејќи претходно бил заминат за Кичево.Во 1878 година, по склучувањето на руско-турскиот мир, благодарение на општата амнестија што ја дал султанот, Исаија Радев Мажоски бил ослободен од одговорноста за сите незаконски постапки што дотогаш ги имал направено. Како слободен човек се вратил во родното Лазорополе и на 20 јули Илинден (стар стил) се оженил со Дунава Јосифова. Во август истата 1878 година, бил поканет од страна на албанските првенци да оди во Призрен и да присуствува на конгресот (Призренската Лига) како делегат од дебарскиот крај.Во 1885 година, Исаија преку познанствата, препораките и помошта што ја добил од рускиот претставник во Букурешт г-дин Хитрово и од грофот Игантиев, заминал повторно во Русија, во Петроград, за да учествува во прославата по повод 1000 годишнината на Светите браќа Кирил и Методиј. Таму тој бил удстоен и со прием кај рускиот цар Александар III. Средбата се случила на 12 нај (стар стил) 1885 година, во Царское Село. По краткиот разговор за состојбите во Македонија, тој од генералот-аѓутант добил 400 рубли со зборовите дека тоа е подарок од рускиот цар.На враќање од Русија, тој минал низ Софија, каде учествувал во формирањето на првиот македонски комитет во 1886 година, предводен од мајорот Паница. Од таму тој добил задача да работи на поврзување на македонското со албанското револуционерно движење, за постигнување на заедничката цел ослободување на Македонија и Албанија од под турското владеење. Мажоски, доследно ја извршува оваа доверена задача и воспоставил конаткти со неговите стари албански пријатели.Во јули 1888 година, тој повторно заминал во Русија, во Киев за да присуствува на големиот словенски собир по повод празнувањето на 900-тата годишнина од покрстувањето на рускиот народ од страна на големиот руски кнез Владимир. На свечената вечера што се одржала вечерта на 18 спроти 19 јули 1888 година, на парабродот Рицар, а во присуство на царското семејство, руските аристократи кнезови, грофови, како и на бројните претставници од другите словенски народи Срби, Бугари, претставници од Австро-Унгарија; на Исаија Радев Мажоски му било дозволено да каже неколку зборови од името на поробените браќа од Македонија.На 23 ноември 1888 година, тој заедно со Малич Зејнилов, како албански претставник дошле во Софија и се сретнале со мајор Паница, Димитар Ризов и со други офицери од македонскиот комитет. Во 10-дневниот престој во Софија тие се сретнале и со тогашниот бугарски прв-министер Стамболов, кој во текот на разговорот стоел на ставот дека овие две движења треба да си помагаат меѓу себе и кога ќе дојде најповолниот момент заеднички и енергично да дејствуваат против турската власт. За човек кој што ќе биде врската-координатор меѓу албанското движење и македонскиот комитет во Софија (а, всушност и бугарската влада) бил поставен Исаија Радев Мажоски. Колку работата била сериозна околу поврзувањето на овие две движења зборува и фактот дека во Софија како гарант на договорот бил испратен Нело син на Мустафа Зејнелов (брат на Малич Зејнелов) еден од поистакнатите албански првенци. На пат од Албанија за Софија, овие двајца заедно со Боне Георгиев (човек што бил испратен како придружник од Софија) влегле во Лазорополе за да преспијат, но биле предадени и утредента на 4 јануари 1889 година биле затворени, а на 5 јануари биле одведени во Дебар.На 22 јануари Исаија Радев Мажоски бил префрлен од Дебарскиот во Битолскиот затвор. Таму, по издржувањето на 18 месечен затвор ја дочекал и официјалната пресуда од Цариград, со која што бил осуден на 6 години во Бејаз Куле, Адана во Мала Азија.На 20 јули 1891 година Исаија бил префрлен од Битола во Адана, Мала Азија, каде и ја дочекал амнестијата од султанот Хамид во септември 1894 година.Но, револуционерниот карактер на Исаија не му дозволувал да се смири. Во месецот мај 1897 година, тој преку Бугарија повторно заминал во Русија, Петроград со цел на рускиот цар Николај II да му однесе молба (напишана од него самиот) во име на „македонскиот старославјански православен народ“. Му успева и овојпат да биде удостоен со прием од рускиот цар, но можеби уште поважно бил примен и од страна на Светиот Синод на Руската православна црква, каде го повторува барањето за свој (македонски) Дебарски владика, а воедно барал и црковна помош за селските цркви во Лазорополе, Тресонче, Росоки, Осој и Мелничани.Неговата незапирлива работа за истерување на грчкото патријаршиско влијание во Дебарско, но и неговите активности за ослободување на Македонија, врските со албанските првенци и поврзувањето со македонскиот комитет во Бугарија, му создаваат и премногу непријатели како во родното Лазорополе, така и во цела Македонија. Речиси секогаш неговото движење е проследувано од турската власт, а тој веќе отворено е евидентиран како руски агент. Уште повеќе тој добива и неколку добронамерни совети од неговите албански пријатели да се засолни, зошто многумина ја сакаат неговата глава. Во едно такво опкружување, а грижејќи се како за безбедноста на своето семејство, така и за сопствената, тој решава целото свое семејство да го пресели во Бугарија. Тоа му поаѓа од рака во 1899 година кога работи како претприемач при изградбата на згради во градот Плевен.(Дотогаш тој од бракот со Дунава Јосифова ги има децата Петар р.1881 , Невенка р.1887 и Васил р.1895 , додека по преселбата му се раѓа и синот Раде р.1900 година)Но и таму тој не седи со скрстени раце, туку ги одржува веќе воспоставените контакти со македонската револуционерна емиграција и заднински го помага македонското илинденско востание, додека неговиот најстар син Петар е активен учесник во востаничките случувања во Македонија. По неуспехот на востанието постои извесна празнина во неговите активности со што се дочекува Младотурската револуција од 1908 година, која за Исаија Радев Мажоски е само одвлекување и дефокусирање на македонската ослободителна активност. Имено, тој е остар противник на прогласениот нов турски устав со кој се гарантираат слободите и правата на сите граѓани во земјата, зашто за единствено возможно решение го смета ослободувањето на Македонија. За таа цел, а против новиот турски устав, тој презема патување во Албанија, во летото 1908 година, каде повотрно ги воспоставува контактите со неговите стари албански пријатели. Тоа е и последната револуционерна активност на Исаија Радев Мажоски што тој самиот ја опишува во своите Спомени издадени во Софија во 1922 година.Помалку позната е една друга активност на овој наш познат деец. Имено, тој за време по својата преселба во Бугарија, активно се занимавал со градителство и зографство. Тој ја живописал црквата Свети Никола , во селото Стргел, Пирдопско, каде што се наоѓа и натписот „1881 ноември 5 изр ки зографи Јакова со смирени брата Исака Радеви и Диборска держава од село Лазорополе“. Познато е дека во селото Бежаново, Ловечко ја изградил црквата, а во селото Угрчин тамошната училишна зграда, каде што и починал во 1926 година. Таму е и закопан од сопствената тајфа.
Треба да се напомене дека на Исаија, како што и самиот наведува во своите „Спомени“, од турските власти му било изменето крстеното име Исаија во Исак, на тоа име гласел и пасошот што му бил издаден за патувања надвор од турската империја. Затоа тој понекогаш така и се потпишувал на некои свои работи, погрешно би било тврдењето дека се работи за друг Исак, брат на Исаија. За постоењето на петти брат освен Јосиф, Јаков, Исаија-Исак и Иван немаме сознание. (¨Спомени на Исаија Радев Мажоски, Софија, 1922.¨. ;Д-р Блаже Смилевски, Срцепис за Лазарополе, Македонска ризница, Куманово, 1995, 42, 46-47).