Pages

ПОСЛЕДНИОТ БРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА

Питу Гули, илинденски војвода - 100 години од смртта
ПОСЛЕДНИОТ БРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА
… Заробените востаници во Солун биле држани неколку месеци во затворот "Беаз Куле" (Белата Кула), којашто и денес стои до самиот морски брег. Турските архиви се уште ја кријат тајната на судењето, но се знаат тешки пресуди. Сите добиле по десет години затвор, освен Ташко од Лазарополе, кој затоа што изјавил дека тие дошле да се бијат за ослободувањето на Македонија добил 15 години. Судот го одредил и местото на издржувањето, во затворот на градот Аргале Маден, оддалечен два дена пешачење на исток од Дијарбекир. Поаѓајќи со брод од Солун, изврзани еден со друг со синџири од по седум алки. Целото патување од Солун до Аргале Маден траело три и пол месеци, од 19 декември 1885 до 28 март 1886 година. …