Pages

ИМЕТО МИЈАК-МИЈАЦИ ВО ЛИТЕРАТУРАТА ОД КРАЈОТ НА XIX И ПРВАТА ПОЛОВИНА НА XX ВЕК

ИМЕТО МИЈАК-МИЈАЦИ ВО ЛИТЕРАТУРАТА ОД КРАЈОТ НА XIX И ПРВАТА ПОЛОВИНА НА XX ВЕК
За потеклото на името Мијаци постојата различни мислења. Така, едни сметаат дека тоа име е прекорно, а други дека тоа е племенско име. И двете стојалишта треба да се земат в предвид и сериозно да се обработат. Ние овде само ќе ги преставиме-цитираме двете стојалишта без да даваме некакви заклучоци добиени од нивната обработка, бидејќи е доволно само да се запознаеме (прочитаме) со нив.Името Мијаци во литературата се срќава во 1844 година (кај Иричек, стр.576). Учителот и општесвеник Благоја Димитров во своите спомени пишува дека во Битола бил откриен гроб од римската епоха на кој имало натпис: "Тука почива покојникот / воен родом Мијак"; оваа, надгробната плоча која што Димитров ја споменува во своите спомени денес се чува (или се чувала) во Бугарија, поребна е стручна анализа и обработка на плочата и анализа на надгробниот текст за да не се остане само на тврдењето на Димитров дека во Битола е пронајден таков гроб со таква и таква надгробна плоча. Ништо, ама баш ништо не се доказува само со цитатот изваден од спомените на Димитров - ништо не се докажува, кога никој не ја погледнал таа надгробна плоча денес. Ако има таков нека се јави, а не само од еден цитат (кој е само почетна етапа во пронаоѓањето на далечната вистина) да издигнува тези дека еве го имаме најстариот доказ за потеклото на Мијаците кој се темели на само еден цитат (кој е непобитен факт-цитато постои) а не на надгробната плоча. Затоа ова тврење, односно овој цитат-ова сведоштво ќе биде прифатено тогаш кога детално и стручно ќе се обработи плочата и се дотогаш ќе отане во сверата на научната фантазија. Но да се вратиме само на цитатите.Марко Глигоров, учител во своите спомени пишува: "Мијаците се одликуваат со голема чистота во куќите, а особено поради белата клашена облека што ја носат, затоа им се налагало да се перат, чистат и мијат по што го добиле и името Мијаци".Стефан Веркович вели: "Веројатно ги нарекле Мијаци од сфаќањето до фанатизам да го почитуваат обичајот и битот постојано да бидат чисти во облеката и однесувањето".Научникот В. С. Радовановиќ вели дека името Мијаци произлегува од личното именување "мие - ние" што е својствено (било својствено) за Мијаците.Други пак научници објаснуваат дека Мијак произлегува од старословенскиот ГУ-АКК крепок и силен, а подоцна ја ставиле првата буква М.Арсени Алексиев тврди дека зборот Мијак произлегува од упорноста на Мијакот да не се согласува со општите работи кога одговарал НИЕСТ - МИЕЦИ - Мијаци.Гаврил Симоновски во книгата "Западната македонска област", на стр.527 пишува: "Мијаците по надворешниот изглед остават длабоки траги во вообразбата на набљудувачот. Физичката градба наспроти духовната, која се огледа во многу односи е убава и правилна, а големиот череп остава силен впелаток. Челото е високо, глава е тркалеста и често пати делната од позади. Мијаците во Дебарскиот крај се јаки, костенливи, испечени и силни. Тешка е и многу ризична борбата со разбеснет Мијак во моменти на спор за редот, честа, за народното самознание. Со векови Мијакот се борел со Албанците само да ја докаже својата моќ, со која тие ги победувале непријателите во секој однос. Мијакот избегнува да врши зло и нема лоши навики. Тоа е наследно. Тој е воздржан, молчелив и суров. Во семејството на Мијаците децата ја следат мајката, го слушаат таткото и се покоруваат на најстариот во куќата, како на главен добродетел. Забележителна црта во карактерот на младите Мијаци е тоа што со голема мака се делат од семејството и додека се во туѓина тие се со тага и воздишки си споменуваат за родното огниште. Многу децении Мијаците одат на печалба во странство, но секогаш остануваат верни на родот и племето и повторно се враќале на родното огниште".Г. Баласчев пишува: "Словенските племиња кои се населиле тука во VII век знаеле само за длабоки долини. подошла дошле Макденоци дури од Елбасанско и кога ги виделе долините дека се зафатени, се населиле по споменатите места над 1000 метри. Македонците што го населуваат целиот Дебарски крај се познати во Мкаедонија по името Мијаци. Така ги викааат поради тоа што велат ние - мие. Мијаците се разликуваат од другите Макаедонци, од соседните краишта не само по дијалектот туку и по носијата, карактерот, па дури и по физичкиот изглед. И тие како и сите Македонци од Западна Македонија се со крупна глава и со високи чела, по кои белези сеуште се разликуваат од т.н. Брсјаци, кои живеат на југ во Охридско и Кичевско и др.".