Pages

ТРИ ПАТОПИСИ ОД XVIII и XIX век

1. Патописот на Василије Бркиќ од 1771 година: (А. Матковски, Македонија во делата на странските патописци 1371-1777, Мисла-Скопје, стр.836-839)

"... РЕКАЛИИТЕ (се мисли на Реканци-Мијаци М.П.) НЕ СЕ ПОСЕБЕН НАРОД, ТУКУ ЕДЕН ДЕЛ ОД АЛБАНСКОТО КНЕЖЕВСТВО ШТО СЕ ВИКА РЕКА, ТИЕ СЕ СИТЕ СРБИ ИЛИ БУГАРИ (меѓу Реканците-Мијаците нема Срби или Бугари, тука се мисли на Македонци - М.П.), А НЕ АЛБАНЦИ. НЕКОИ ПОД ПРИТИСОК РЕЧИСИ НАПОЛНО СЕ ПОТУРЧИЈА, А ДРУГИ ПАК САМО ИМЕТО ОД ХРИСТИЈАНСКО ГО ПРОМЕНИЈА ВО ТУРСКО И ТАЈНО СИ ЈА ЧУВААТ ВЕРАТА. БИДЕЈЌИ ОВИЕ ЖИВЕАТ МЕЃУ АЛБАНЦИ ГО ЗНААТ И НИВНИОТ ЈАЗИК. ...".

2. Еден британски документ од 16 јули 1856 година. (Архив на Р. Македонија, Британски документи за историјата на македонскиот народ 1848-1856г., том III, Скопје 1982г., стр.385, документ бр.321 прилог IV.)

"... НА 12 ЈУНИ, ИСТИТЕ РАЗБОЈНИЦИ ГРАБНАЛЕ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ 4 ДЕЦА ОД ИЗВЕСНИОТ ГУРТЕХИН КЕХАЈ (Ѓурчин Кокале) А И МУ ЗЕЛЕ 8 000 пијастри. ... ".
3. Патописот на Јохан Хан од 1858г. (А. Матковски, Македонија во делата на странските патописци 1850-1864г., Мисла-Скопје 1992г, стр.290)
"... ИСТО ТАКА И БУГАРСКИОТ (макдедонскиот М.П.) ЕЛЕМЕНТ СЕ ДЕЛИ НА ДВЕ КЛАСИ, НА СТАРИ ГРАЃАНИ, КОИ СЕ НАРЕКУВААТ МИАКИДИ (изопачено од Мијаци М.П.) КОИ СЕ ДОСЕЛИЛЕ ТУКА (во текстот се зборува за Крушево) ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ЛАЗАРОПУЛА (изопачено од Лазарополе М.П.) И ГАЛИЧНИК И ОВДЕ СТАНАЛЕ ГРАДИТЕЛИ НА КУЌИ - И ДОЈДЕНИОТ ПЛЕБС ОД СОСЕДСТВОТО, КОЈ НЕ СКИТА, ТУКУ СЕ ИСХРАНУВА ОД ГРАДСКА РАБОТА. ...".