Pages

МАРТИН СЕРАФИМОВ ДИМКОСКИ ПОПОСКИ

МАРТИН СЕРАФИМОВ ДИМКОСКИ ПОПОСКИ (ИЌ)
(1872-1952)
Роден е во Лазорополе во 1872 година и е еден од синовите на селскиот свештеник Серафим Мартинов Димкоски.
Како мал своето првично описменување го добил во селското црковно училиште. Наоѓа
јќи се во немаштија, но и сакајќи да си ја испроба среќата тргнал на печалба. Заминал за Скопје, со намера од тамошното бугарско претставништво да побара тескере (дозвола - пасош) за да може да замине на печалба во Бугарија. Бугарските службеници остро се однесле кон него и го избркале, а овој наоѓајќи се во за него туѓа средина, решил да се обрати во српското претставништво. Овие, водејќи се од сопствените интереси за наметнување на српското влијание во северо-западна Македонија, кон него се однесуваат многу добро, уште повеќе откако виделе дека тој е писмен и дека би можел да им послужи за остварување на нивната цел. Веднаш му бил издаден српски пасош на името Мартин Поповиќ и бил испратен за Белград, каде со добиената српска стипендија го завршил српското училиште. (според кажувањето на Васко Попоски) Всушност, тој бил питомец на Министерството за надворешни работи на Србија и со нивна помош ја има завршено светосавската подготвителна учителска школа (1894 година) Крагуевац.
Кога во Лазорополе било отворено првото легално (одобрено од страна на турската власт) српско училиште на 23 септември 1897 година, кое што било сместено во куќата на Васо Ѓорѓевиќ, за учител во тоа училиште
бил поставен Мартин Поповиќ. Неговото учителствување во лазороското српско училиште трае најверојатно до 1912 година.
Со започнување
то на Првата Светска Војна, тој како експониран српски кадар, бил регрутиран од страна на српската војска (како впрочем и останатите, способни за војска лазоровци). Тој заедно со својот најстар син Трајче се повлекле заедно со главнината на српската војска преку Албанија и островот Крф и учествувале на Солунскиот фронт каде што успеале да го преживеат пеколот на војната. Заради учеството во оваа војна тој од страна на српската држава имал добиено и одликувања, бил носител на Орденот Караѓорѓева ѕвезда кој бил орден за воени заслуги. Албанска споменица за неговото учество во повлекувањето на српската војска преку Албанија, како и разни Светосавски одликувања.
Според кажувањето на Васко Попоски (негов внук од странична линија) тој заминал с
о еден дел од српската војска, која се наоѓала во збег, во Франција, која во Првата Светска Војна била сојузник на Србија и им пружала логистичка и секаква поддршка на српските војници. Тој таму наводно се наоѓал со статус - бегалец.
Од друга страна пак, Блаже Смилевски, во својата книга Тешкото од Лазорополе, Скопје, 2006, на страна 194 пишува дека тој работел како виш службеник при военото аташе на кралот Петар I Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција. Период
от на неговата служба за жал не можеме да ја одредиме.
Се знае уште за него дека во периодот меѓу двете светски војни, повторно се вратил во Лазорополе и продолжил да работи како учител се до неговото
пензионирање во 1929 година.
Мартин имал же
на од Галичник Крстана (Кила) и со неа ги имал децата Душан, Тала, Ефто, Трајче и Спасе.
Починал во Лазорополе во 1952 година.

изработил Слобод
ан Шошкоски

Извори:
Блаже Смилевски, Тешкото од Лазорополе, Скопје, 2006, 194
Д-р Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел, ИНИ, Скопје, 1970, 217-229
по кажувањето на Васко Попо
ски ноември 2006
по кажувањата на Мартин Душанов Попоски 25.07.2007

Куферот на Мартин Серафимов Димкоски Попоски кој што го донел од Крф (по пробивот на Солунскиот фронт).
Фотографијата ја испрати Јован Поповски.