Pages

ШТО ПИШУВА ВО КНИГАТА "ГАЛИЧНИК И МИЈАЦИТЕ",1940година, АВТОР проф. РИСТО ОГНЕНОВИЌ

ШТО ПИШУВА ВО КНИГАТА "ГАЛИЧНИК И МИЈАЦИТЕ", 1940 година,
АВТОР проф. РИСТО ОГНЕНОВИЌ
Проф. Ристо Огненовиќ роден е во Галичник 1870 година, потекнува од фамилијата Лоновци. Ја завршил учителската школа во Белград по што заминува за Истамбул, во Галата Сарај се запишува на францускиот лицеј и го изучува францускиот јазик. Бил еден од главните луѓе на Новаковиќ кој ја ширел на самиот терен српската пропаганда, односно отварал српски училишта во Македонија. Ристо Огњановиќ работел како професор во српската гимназија во Скопје.
Но овој “истакнат српски борец во Стара Србија” пред својата смрт во 1940 година ја пишува книгата “Галичник и Мијаците”, на македонски јазик, тврдејќи дека самиот тој не е ниту Србин, ниту Бугарин, односно дека Македонците се посебен народ кој јасно се разликува од нив во секој научен поглед.
Да видиме што пишува професорот Огненовиќ во својата книга “Галичник и Мијаците”:
''Одма да кажа да Мијациве, како и сиве други племиња во Македонија, имајет две јаки осеќања: едно, да се Славјани и да се многу родниње како со Србите, таке и со Бугарите, а друго-да не се ни Срби ни Бугари, токо нешчо треќо: да се Мијаци, Брсјаци итн., а по теја Македонци.” (''Галичник и Мијаците'', стр. 133, Риста Огњановиќ 1940).
“Ни Срби ни Бугари, пред да завладејет Турциве, немале ни време ни начин, ни стредства, ни сила за да напрвит (од нами) едно тесто: српско или бугарско... Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари .“ („Галичник и Мијаците”, стр. 131, Риста Огњановиќ 1940).