КАДЕ СЕ НАОЃА ФРЕСКАТА "СЕИР"?

КАДЕ СЕ НАОЃА ФРЕСКАТА "СЕИР"?
Скопскиот градски Завод за заштита на спомениците ги тужи бизнисменот Ристо Гуштеров и неговата фирма "Римако" поради нелегално поседување на познатата фреска "Сеир" од Лазар Личеноски. Првото рочиште е закажано за в среда, 22 јануари, во Апелациониот суд во Скопје. Заводот поднесе тужба зашто во 1997 година при купопродажбата на фреската бил прекршен Законот за заштита на спомениците на културата. Судскиот процес се води против фирмата "Римако", каде што е изложена фреската. Откако била продадена, фреската ниту еднаш не била јавно изложена. Целокупното творештво на Личеноски, како основоположник на македонското современо сликарство, е ставено под заштита на државата. Делото "Сеир", предмет на судскиот спор, е особено важно, зашто е единствена фреска од Личеноски, на која е претставена сцена од секојдневниот живот, велат историчарите на уметноста. Пред повеќе од пет години, претпријатието "Меркез", тогашен сопственик на ресторанот "Македонска куќа", и ја продало фреската на извесна Нина Белчева. Дознаваме дека фреската била продадена за 5.000 германски марки. Набргу по продажбата, делото било лоцирано во канцелариите на Гуштеров. - Кога се продава дело со статус на споменик на културата, прво мора да и биде понудено на државна институција. Ако ниту една институција не е заинтересирана да го купи, може да се понуди на приватно лице. Пред пет години бил повреден Законот за заштита - фреската од Личеноски веднаш му била продадена на приватник - вели Јани Антониев, директор на Градскиот завод. Една година откако фреската била продадена, Градскиот завод доставил кривична пријава до скопското Основно јавно обвинителство поради "противправно одземање и отуѓување на фреската од Личеноски". Постапката не била судски активирана зашто се темелела на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, според кои правната процедура во случајот не била повредена.
Фреската "Од автобиографијата на Ѓурчин Кокале од Лазарополе", позната и како "Сеир", ја насликал Личеноски во 1938 година во Македонска куќа, изградена на скопско Кале. Фреската лично ја порачал тогашниот градоначалник на Скопје, архитектот и сопственик на куќата, Јосиф Михаловиќ (од Тресонче). Ѕидната композиција е широка 2,20, а висока еден метар.Во 1963 година, Македонска куќа со целиот ентериер била прогласена за споменик на културата. Во осумдесеттите години, поради влага, фреската била одвоена од ѕидот-носач. По извршената конзервација била вратена на ѕидот, но во рамка во форма на уметничка слика.Борис Петковски, професор по историја на уметноста, смета дека фреската од Личеноски треба да остане таму кај што била насликана. - Значењето на фреската е оптимално, за цена не може да се зборува. Откако ја изградил својата вила, архитектот Михајловиќ му нарачал на Личеноски да наслика нешто од мијачкиот крај. Личеноски насликал македонски јунак - Ѓурчин Кокале од Лазарополе - како фрла камен. Ова е единствена фреска од Личеноски со профана тема - вели Петковски. И Лабин Томовски, историчар на уметноста од Градскиот завод за заштита, вели дека фреската е исклучително вредна и ретка. Тој вели дека во изминатите пет години никој не побарал од нив да направат увид во состојбата на сликата. Тие, како надлежна институција неколку пати се обиделе да ја видат во "Римако", но биле одбивани.

Clip from Jadran Film 1948 production. This version of Teskoto is from the village of Lazaropolje

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

lazaropole winter 2009

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

МИР БОЖЈИ ХРИСТОС СЕ РОДИ

МИР БОЖЈИ ХРИСТОС СЕ РОДИ
ВИСТИНА СЕ РОДИ

Blog Post