Pages

LAZAROPOLE MAJOVCI

MAJOVCI - МАЈОВЦИ
Музичкиот состав "Мајовци" претставува врв на фолклорниот музички израз во мијачкиот регион (РЕКА) на Македонија. Во минатото не се паметеле свадби, прослави или други свечености без присуство на познатите свирачи на зурла и топан - Мајовци. Лазоровците Мајо и Исак биле водачи на групата, а ним подоцна како постојани членови им се приклучиле Исљам (син на Мајо) и Дине (син на Исак). Исак и Дине свиреле на топан, а Мајо и Исљам на зурла. Според многумина етнолози и фолк-музичари, Мајовци го имаат достигнато најдобриот уметнички израз на познатите мијачки ора "Манукот" и "Тешкото" и нивната изведба треба да претставува урнек за свирењето на тие наши ора.Во Дебар денеска живеат потомците на познатите Мајовци, кои и понатаму се надарени свирачи на зурла (од старата мајовска зурлаџиска школа треба да се истакне Рамче-долу на сликата) и топан.
Нема да ги оставиме селата глуви!
ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА МАЈОВЦИ НАСКОРО ЌЕ ГИ ЗАМЕНИ ПОСТАРИТЕ. МИЈАЧИЈАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЕЧИ ОД НИВНИТЕ ПЕСНИ НА СЕКОЈ ВЕЛИК ДЕН, НА СЕКОЈ ПРАЗНИК ТИЕ СО ЗУРЛАТА И ТАПАНОТ ЌЕ ГИ БУДАТ СЕЛАТА, А ПОТОА ЌЕ ГИ ДИГНАТ СИТЕ НА НОЗЕ И ДО ДОЦНА ВО НОЌТА, СО ЗВУЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ОРА ЌЕ ГИ РАСКАЖУВААТ ПРИКАЗНИТЕ ЗА ЈАНА, ТЕШКОТО, ЗА СВАДБИТЕ, ЗА ЕЗГИИТЕ, ЗА РАЗДЕЛБИТЕ...
Според многу устни преданија создавањето на Тешкото се сврзува со легендарните Мајовци, бидејќи нема никакви други податоци за постари свирачи на ова наше најпознато, највредно и најтешко оро. Денес нивните вистински наследници живеат во Дебар. Тие потекнуваат од Петрит, т.е. Перо Мајо. Негов син бил Мајо, прочуен зурлаџија кој свирел заедно со уште двајца други музичари, кои по националност за себе велеле дека се Еѓупци. - Пред да почине, мојот прадедо Мајо, кој уште во 1930 година ја освоил цела Европа, од Лондон до Будимпешта, од Стокхолм до Мадрид, му оставил аманет на својот син, мој дедо да продолжи да свири и идните поколенија да ги разлеваат звуците на зурлата и тапанот во западна Македонија. Да свири за народот, кој со песна ја раскажува својата мачна животна приказна, својата историја. Но, иако таа честопати е тажна, сепак енергијата што тлее во секој Македонец, за среќа, и кај овие наши нови генерации, убеден сум, води напред и покрај сите видливи и невидливи пречки. И мојот татко Рамче Мајо, пред да си замине од овој свет ми остави аманет: "Не оставај те ги селата глуви", ми рече. ,,Мијачијата нека ечи од нашите песни". И ние тоа и го правиме, ги почитуваме старите обичаи, селските празнувања и секогаш сме тука, на тој голем, велик ден со писокот на зурлата да го разбудиме селото, а потоа да ги дигнеме сите на нозе и до доцна во ноќта да се слуша топотот на неправилните ритми, па и болен да оздрави од нашите уникатни ора, вели зурлаџијата Перо Мајо, продолжувачот на семејната традиција на легендарните Мајовци. Неговиот син ќе ја претставува петтата генерација на легендарните Мајовци.
ВЕРНИ НА РОДНАТА ГРУТКА
- Колку и да има групи кои денес во Македонија се претставуваат како наследници на легендарните Мајовци - тоа сме ние, приковани за ова парче земја, без желба сето ова максимално да го комерцијализираме. Иако имаме издадено ЦД во продукција на МРТ со 24 песни и ора, иако сме одржале многу концерти во и надвор од Македонија, најдраги ни се настапите во Лазарополе, Гари, Росоки, секаде каде не викаат и каде, како што велат, не може да се замисли ниедна народна веселба и празнување без да екнат зурлата и тапанот. Денес Мајовци ги сочинуваат наследникот Перо Мајо, тапанарот Курка, Роберт-топан (син на Курка) и Мајо-зурла (син на Перо-Петерит Мајо). Нив можете да ги слушнете во Долна и Горна Река, Голо Брдо, Жировница, Врбен, Скудриње, Селце, Бродец, Брбен, Горна и Долна Жупа, Малесија, Локов, Лазарополе, Росоки... И бидејќи секое село си има свој празник, Мајовци на Преображение свират во Локов, на Илинден во Лазарополе, на Голема Богородица во Гари... Меѓу песните на нивниот репертоар, кој речиси не е сменет сто години се: Поша гајде, Чамот, која најдобро ја играат Лазоровци и Гарчани, прочуени играорци, Писката, Одење по невеста, Езгија, која од памтивек се свирела на разделбите и е една од најтажните нумери на македонската народна музичка традиција. Таа сега ретко се свири, бидејќи е тешка и многу долга, трае 10 минути, и како врв, Тешкото, кое за овие музичари, како и за повеќемина е личната карта на Македонија. -Мијачијата е изворот на Тешкото. Имам чувство дека порано некако посебно, поинаку се изведувало ова тешко оро. А при неговото играње не смее да има грешка, мора се да биде слеано, одмерено. Тоа е изворот, за сите други народни незаборавни македонски песни и ора. И не е тајна, легендата вели дека орото е создадено во Лазарополе.
КОГА СЕ РОДИЛО ТЕШКОТО?
Се претпоставува дека појавата на Тешкото е сврзана со почетокот на печалбарството, некаде во 19 век во Лазарополе, но првите документи и конкретни имиња на луѓе се од 30-тите години на минатиот век, и тоа во книгите на сестрите Јанковиќ, кои вршеле истражувања во тоа време и од сеќавањата на луѓето кои го играле. Еден од првите играорци,кој што е познат и кој го донел Тешкото во "Танец" е Рафе Жиковски од Лазрополе, а потоа во "Танец" го водел легендарниот играорец на Тешкото, Дојчин Матевски исто така од Лазарополе. Орото се врзува за тешкиот живот на луѓето од тој крај, но понатаму станува симбол за тешкиот живот на Македонците. Најчесто се играло и било поврзано за печалбарството. На Илинден во Лазарополе, печалбарите се враќале масовно од туѓина, се женеле на заеднички свадби и потоа заминувале. Разделбите биле најтешки, мачни. Биле испраќани од блиските до чешмата-Еѓупска ледина, каде и се играло Тешкото, за збогување. Начинот на играње на Тешкото со текот на годините не претрпел измени. -Од описите што ги имаме од 30-тите и снимките што ги имаме од 1948 година од Лазарополе, направени од "Вардар филм", може да се забележи дека до денес Тешкото не доживеало промени. Единствено само што денес се игра совршено и максимално изедначено. Неговата оригиналност и автентичност се последица на заштитеност од туѓу влијанија, во речиси недостапниот планински терен на Мијачијата. во една природна географска непристапна средина: Лазарополе, Гари... Можеби токму поради тоа Тешкото е неповторлив спој на физичкото и метафизичкото, на телото и духот, тоа е неверојатен израз на духовната експресија на еден народ, израз на уметничката дарба на народниот гениј. А Мајовци, како што ветуваат, уште долго ќе ги будат селата со своите зурли, а тапанот ќе бие во совршениот, непогрешлив ритам на Тешкото.
--------------------------------------------------------------------------------------------

TOPAN topan
A traditional wooden drum (made of beech, walnut or chestnut), covered with tanned goatskit/sheepskin on both sides. The skins are stretched over rings and are strung with ropes which alternate diagonally on both rings. The tapan is played with two specially designed drumming sticks: kukuda and pračka. Kukuda is made of walnut wood; its shape resembles a pipe. The pračka is a thin switch, usually made of dogwood or willow. The tapan player (tapandžija) holds the tapan strapped over the shoulder, in a slightly tilted position, so that he can strike with the kukuda on one side and the pracka on the other side. This playing style results in a captive mixture of deep and of short pitched sounds, sometimes in a complex rhythm with rather unpredictable drumming patterns. The tapan is rarely used in solo performances. It is commonly played along with other instruments, particulaly zurlas. This tapan is designed to withstand the weight of a person, as expected of it during the performance of folk dances. The skins can be tightened by pulling the ropes straight up, sequentially one by one.

ZURLA
A wind instrument usually made of walnut or plum wood. It consists of two parts: a conical pipe and a beak (slavec) which is inserted at the upper end. The zurla has seven finger holes and one thumbhole on the back, vent holes in the lower part, and a reed with a disc on the upper end. In playing, the zurla is held with both hands slanted at ~45° from the eyesight. The fingers of the left hand cover the lower four holes, the right hand fingers cover the upper holes and the thumbhole. The flattened reed is placed completely in the mouth and the lips touch the metal disk (mednik) which aids the cheek muscles. Playing this instrument requires a characteristic circular breathing. The zurla plays two octaves of approximately the natural scale. Chromatic tones (D#, F#, A# and B#) are also available, by changing the breath pressure and a combination of the tone holes covered. The zurla has a distinct, very loud and piercing sound. It is invariably accompanied by the traditional double-sided drums "tapani". The most desirable combination is two zurli and two tapani. It is believed that the zurla was brought in Macedonia from the Middle East, either by the Gypsies or the Turks. Today it is mostly played by the Gypsies. The zurla repertoire is closely related to traditional dances, which are performed on weddings or holidays.

MAJOVCI VIDEO

(Се извинувам за лошиот квалитет на звукот-поднамалете малку кога ги слушате. Во живо знаете дека звучат едноставно неопишливо, кој не знае му препорачувам да ги слушне во живо.)