Pages

ЗОГРАФИ И РЕЗБАРИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ

СПИСОК НА ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ОД КИЧЕВСКО И ОХРИДСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО
ЗОГРАФИ И РЕЗБАРИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ

КИЧЕЕВСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО

Прва кичевска парохија
Село Бигор Доленци:- црква "Свети Антониј" - изградена во 1865 година. Иконостасот е дело на резбари од Лазарополе.
Село Челопеци:- црква "Свети пророк Илија" - изградена во 1861, а обновена во 1910 година од страна на селаните. Фреските во внатрешноста се дело на зографот Јаков Радев Мажовски од Лазарополе. И во оваа црква, иконостасот го изработил Дичо Зограф од Галичник. Во 1999 година е извршено обновување на фрескоживописот од страна на Бошко Попоски од Кичево.
Село Светораче:- црква "Свети Кузман и Дамјан" - во својот сегашен изглед, изградена е во 1858 година. Иконостасот, изработен од мајстори мијаци, е од крајот на XIX век.
Село Крушица:- црква "Света Богородица" - изградена во средината на XIX век, а реновирана во 1950 година. Над влезната врата се наоѓа фреска на заштитничката на црквата, Света Богородица, дело на зографот Крсте Колоски од Лазарополе (ПОСЛЕДНИОТ МИЈАЧКИ ЗОГРАФ), од 1980 година.
Втора кичевска парохија
Село Горно Добреноец:- црква "Свети Никола" - според записот на самиот објект, градбата на црквата е започната во 1938 година, а ја градел мајсторот Алексо, од мијачките села. Во внатрешноста на црквата има иконостас, на кој се поставени 6 големи и 13 мали икони.
Село Јаорец:- црква "Свети Никола" - изградена на местото на стара црква, на почетокот на минатиот век. Иконостасот е изработен неколку години подоцна, а иконите на него се дело на Теодосиј Колоски од Лазарополе.
Село Ехловец:- црква "Свети Пантелејмон" - изградена во 1850 година. Големиот иконостас е дело на мијачките мајстори.
Село Мало Црско:- црква "Свети Ѓорѓија" - градена во 1848 година. Иконостасот, изработен во 1893 година, и иконите на него се дело на заографи од Лазарополе.
Четврта кичевска парохија
Село Букојчани:- црква "Свети Никола" - изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Лазарополе, работен во периодот од 1976 - 1978 година. ???
Село Јагол:- црква "Свети Никола" - изградена во почетокот на 1848 година, а во 1936 година изграден е уште еден спрат. Иконостасот е изработен во 1938 година од страна на браќата Јоаким и Томо Николоски од Лазарополе.

ОХРИДСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО
црква "Света Богородица Болничка" - до денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното живописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, од вренето на XIV век. Црквата претрпела повеќе измени и тоа во XVI и XVII век, а последен пат во оваа црква се интервенирало во 1834 година, кога повторно е живописана на малтер нафрлен врз стариот живопис. По конзерваторските работи во 1959-1960 година, живописот од 1834 година е остстранет и се наоѓа како експонат во тремот. Инаку постариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф со големо чувство за компонирање на боите, и е еден од подобрите остварувања во Охрид. Иконостасот е изработен од ореово дрво, од вештите раце на Никола Дарковски Караџовик од с. Лазарополе во 1833 година, и се вбројува помеѓу најзначајните дела на мијачките копаничари од минатиот век. Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови на монаси или игумени, како и заедничка гробница.Двете цркви се нарекуваат болнички според маалото во кое се наоѓаат, бидејќи според раскажувањето на постарите жители во средниот век тука постоела болница.
Село Рамне:- црква "Свети пророк Илија"- според натписот што се наоѓа над влезната врата, црквата е изградена во 1907 година. Таа е еднокорабна, со галерија на кат и купола. За изградбата употребен е кршен камен и делкан бигор. Од натписот во внатрешноста се дознава дека е живописана во 1944 година, од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте од с. Лазарополе. Во периодот од 1984 - 1995 година, со помош на селаните се изградени: црковната трпезарија, камбанаријата и сменет е кровот на црквата.
Село Лешани:- црква "Свети Никола" - градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крсев од Лазарополе во 1909 година.
Село Волино:- црква "Света Богородица" - изградена во 1900 година. По својата градба таа е еднокорабна со трансепт. Трите апсиди (од источната, јужната и северната стана) се петтострани. Иконите се изработени од зографите Крсте Николов и син му Рафаил од с. Лазарополе, додека целосно е фрескоживописана во 1942 година.
Село Елшани:- црква "Свети Илија", изградена во XVI век. Возобновена е во 1859 година. Фрескоживописана е во 1944 год. од зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, а олтарот е фрескоживописан во 2002 година од страна на уметникот Драган Ристески.
Село Горно Коњско:- црква "Свети маченик Мино"- возобновена во 1927 година. Фрескоживописот, дело на зографот Крсто Николиќ и син му Рафаил од Лазарополе, е изработен во 1928 година.
Село Требеништа:- централна парохиска црква "Свети Никола" - изградена во 1942 година, а живописана во 1944 година. Иконите на иконостасот се дело на иконописецот Доне Донески од с. Лазарополе.
Село Оровник:- црква "Свети Илија" - изградена во 1927 година. Фрескоживописот е дело на Доне Донески од с. Лазарополе.
Село Горенци:- црква "Света Троица" - изградена во 1923 година. Денешната црква е изградена во периодот од 1990 до 1992 година, а живописана е во 2001 година. Иконите во внатрешноста на црквата се дело на иконописецот Рафаил Крстев од с. Лазарополе, иконописани во 1923 година.
Село Подмолје:- црква "Свети Константин и Елена" - изградена во 1934 година, живописана во 1937 година од страна на Доне Донески од с. Лазарополе. Црквата е осветена во 1969 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј.
ДОПОЛНИТЕЛНО, ВИДИ ЛИНК: