Pages

LAZAROPOLE / Во јуни 1977-ма во Лазарополе имало снег?

Во весникот „Нова Македонија“ од 4 јуни 1977 година, пишува дека во Македонија има снег. Текстот од дописникот Киро Кипроски информира дека на Бистра има паднато 15 сантиметри снег. Во текстот објавен  истиот ден на дописникот Нијази Лимановски од Дебар, наведено е дека тој ден снег паднал на Кораб и Стогово. Останува нејасно дали овие информации се веродостојни или пак можеби станува збор за некаква печатна грешка во датумите.