Pages

Соколе Јосифоски легендите на македонското тв снимателство

IN MEMORIAM
Соколe Јосифоски еден од легендите на македонското информативно снимателство почина на 07.IX.2012 година во Скопје. Соколе е еден од ретките сниматели кој целиот свој работен век и го посвети на камерата и на Македонската Телевизија.
Како снимател во информативната редакција на МТВ животот го мина со новинари известувајќи за најголемите и најважните настани за Македонија и светот. Со неговата камера ги забележа и пренесе на јавноста најзначајните моменти од нашата историја.
Голем пријател, професионалец, вечен лојалист на македонската телевизија човек со големо срце. Наградуван за својата работа. Почитуван од колегите и новинарите. Го пропатува светот со својата камера, до последно доследен на својата работа. Пример за помладите колеги кои ги водеше.

Соколе Јосифоски
Почивај во мир – го задолжи македонското новинарство за навек.