тектот е превземен од УТРИНСКИ ВЕСНИК
Сања Наумовска
На чист воздух одете во Лазарополе, а побегнете што подалеку од урбаните
средини. Планинското село е едно од најчистите места во земјата, во кое
се забележуваат најниските вредности на сите загадувачи на воздухот кои
се мерат во нашата земја. Според податоците кои ги содржи Националниот
план за заштита на амбиенталниот воздух, изработен од Министерството за
животна средина, најлошо се дише во Скопје, Кочани, Кичево, Велес,
Кавадарци и другите урбани средини. Состојбата е подобра во лето, а
полоша во зима, кога турбо работат најголемите причинители на
загадувањата, енергетскиот сектор, индустријата, транспортот, но и
земјоделските активности и отпадот. Состојбата е особено критична во
градовите каде што егзистираат поголемите индустриски капацитети. Лошиот
воздух, полн со сулфурдиоксид, јаглеродмоноксид, суспендирани честички,
тешки метали предизвикува и голем број болести, регистрирани токму кај
жителите на урбаните средини.
Дека Лазарополе е идеално
прибежиште за обновување на белите дробови потврдуваат податоците од
Националниот план во кој ова место има најниска просечна годишна
концентрација на сулфурдиоксид, азотдиоксид и суспендирани честички. Во
Кочани се измерени речиси шестпати поголеми вредности на сулфур диоксид,
а во Кичево речиси триесет пати повеќе присуство на азотдиоксид.
Најголема концентрација на честички има во скопско Лисиче, четирипати
повеќе отколку од Лазарополе. ... текстот продолжува на следниот линк Градовите загадени, Лазарополе рај за белите дробови