Pages

За куќите на кат кај Мијаците, во трудот Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле, Тома Смиљаниќ

За куќите на кат кај Мијаците, во трудот Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле, Тома Смиљаниќ с.146 го кажува следново:
„...примитивната куќа сега е заменета со куќата на душеме (на кат). До вакви куќи дошле Мијаците кога се оддале на ѕидарскиот занает; можеби како ѕидари сами дошле до неа и понатаму ја пренесувале. За да подигнат куќа на кат тие не ѕидале ѕидови од сите страни, туку само од две или од три страни. Кровот некогаш бил покриван со слама, а денес со камени плочи. Подот во ‘куќата’ е од набиена земја и затоа таму се најдебели подниците (гредите). По другите одделенија подот е од шчица (штица). Денешната куќа кај Мијаците во приземјето има трем за затворање на стоката и клед за чување на најразлични потребштини, облека, мрс, овошје, зеленчук. Исто така, во кледот се копа и скривница, која е вешто прикриена. Кледот е многу мрачна просторија и таму младите ја поминувата својата прва брачна ноќ. Во тремот се наоѓа амбарот за чување на житото, а исто така, таму се и каците. Во ѕидовите се сретнуваат четвртасти вдлабнатини, камари.
Во тремот прозорците се мали и преку него се оди на спратот со помош на скали кои што се прицврстени. На горниот кат најголеми одделенија се ‘куќата’ и чардакот. Во ‘куќата’ има две врати, голема и мала, кои се свртени една спрема друга, обично на јужната и на северната страна. Малата врата служи за комшилук и за бегство кога ќе влезат арамии во куќата, и понекогаш е наместена повисоко на ѕидот, а големата врата, пак, претставува официјален влез вокуќата.
Пред големата врата се простира дворот, а од малата врата се оди или во мало дворче или директно на улица. Чардакот е најголемиот дел од куќата и служи за пречекување гости и за најразлични веселби. ‘Куќата’ служи за кујнски работи. Во дното, на средината, се наоѓа огништето, вдлабено и округло, порабено со роб“.

--------------------------------------------------------

Одредени информации за поземката во дебарско – реканската етнографска целина ни дава етнографот Тома Смиљаниќ,122 во неговата студија Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле. Притоа, овој автор укажува и тоа дека во долните мијачки села овој тип на куќа бил поархаичен, а додека во горните села бил забележителен развојот на живеалиштето и во вертикален план. Овој тип на куќа тој го нарекува примитивна куќа: „...тоа се приземни куќи, изградени од плот и облепени со кал. Главна граѓа се гредите и делканите штици. Куќата е четвртаста и има голема и мала врата, една наспроти друга, обично во правец север – југ. Големата и малата врата ја делат куќата на два дела. Во едниот дел покрај ѕидот, во средината, се наоѓа огништето, а наоколу е просторот за седење и спиење. Тој дел се нарекува куќа. Другиот дел служи за чување на добитокот, каде што покрај ѕидот се наоѓаат јаслите.“ 123 

ВИДИ ЛИНК :