Pages

Мате Грујовски (1932-2013)


Мате Грујовски
Мате Грујовски е роден на 18 март 1932 година во Лазарополе, а со народната уметност се задоил уште од најраната младост. По дипломирањето на Уметничката академија во Белград, во 1964 година се вработува во Музичката продукција на тогашното Радио Скопје, најпрвин како музички соработник, за подоцна да биде именуван за уредник и музички продуцент за народна музика, позиција на која беше се’ до пензионирањето во 1996 година.
Ќе остане запаметен како висок професионалец во работењето, ведар и насмеан меѓу колегите и максимално активен во креирањето, облагородувањето и афирмирањето на народната и новосоздадената македонска фолк-песна. Мате Грујовски беше еден од најзначајните двигатели на концертната и фестивалската дејност во Македонија со чиј удел беа поставени темелите на многу културно-уметнички манифестации во Македонија.