Pages

НАЈНОВИ ВЕСТИ !!!



Најнови вести: “МПЦ го одврза кесето, поточно почитуваниот митрополит деборско-кически Тимотеј ќе одвои онолку пил`ави-пари колку што се потребни за поставување на аларм во лазороската црква. Исто така нема да се жалат пил`ави и за изработка на новите икони кои ќе ја пополнеле празината.

Море би поверувал на овеа пишаницава и секој атеист... но не е така.

МПЦ беше молена да плунет некоја пил`ава за реставрација и конзервација на фрескоживописот, иконостасот и сите икони, но ништо како и многу пред тоа за разни потрепштини за црквата која е дел од епархијата на Тимотеј. Ништо никакво разбирање, никакво образложение едноставно ништо – саде бошотење.

Дури сега се јави бабажанот во давијава шо не снајде ... селата таму се села без кучиња... им велевме дајте ги иконите ќе ги заштитиме...!!!, во сите медиуми демек еве се огласивме мие.

Имат куталиња бујрум во Лазорополе ама косает пустинските, на нив си им митрополите. Дај и иконите ќа и скриеме. Кому тебе? Тебе на кого му изгоре БИГОРСКИ таму да и чуваш. Не те бакариме многу бабажан. Имат таму неисправна инсталација или моет да имат некоја грешна душа што нашла починка да ибегаат од пакостијата... и го заборавила уклучено решото и се зачадиле и лазороската и секоја мијачка одаја??? И градит ли градит таму на големо а малу пил`ави за лозороската, за гарската, за тресонечката црква... шшшшш, шуштиш бабажан.

Те молиме не `не растажувај не фрлај ургии-улишча во нас во лазоровци, не иди по останатите зашто овој храм го подигнаа сите селани лазоровци. Или само си бучиш така одстрана демек се грижиш а сакаш да клаеш рока на пил`авите од приходите на црквата кои не одит коде тебе туку останувает за нејзе. Кажи плуни еден лаф, еднаш отворено кажи - и сака приходите на лазороската црква!!! Гајле ми е за иконите шо заминае коде е приходот, е митрополите.

Ниту ќа и видевме "репликите" (неможе да постои реплика на една таква возвишена ствар - пред која се молиме) од иконите што заминаа ниту ќе ги видиме "репликите" и од овие што останаа. Ќе поверувавме барем малу до негде ако до пред празников поставеше некава "реплика" за заминатите икони. Но не ти е до тоа Тимотеј... Не.

Лазоровци да зноеш сами како и во минатото така и денес, ниту со пари од МПЦ (ниту од патријаршија ниту од егзархија – XIX век), сами ќа го направит уште поубав и посветол својот храм. А ти само изголтувај набрзина демек со брзината ќе си ја одстраниш својата вина со разни штури соопштенија и барања до разни државни институции за сето она што се случуваше во Мијачијата.

А да Мијачијата е дел од таа деборско-кическа епархија во која нема ниту кучиња а во која мислам или небре ти си митрополит.

Немоеш да го искинеш лазороскиот синџир не се обидувај. Немој да помислиш со пакостијава што не снајде да не поделиш. Нема да ти успее. Не не обвинувај, немој не те личи.
И за крај да го поздравиме чудачето да не речеме воперон од директор на истурениот дел од министерсвото за култура, таканаречената институција за заштита на културното богоство, директорот Кузман Паско. Кузмане оди закопајсе негде... копач.

автор на текстот Мојсо Поповски



*ова е само мое видување на настанатат ѓурултија по случувањата со лазороската црква





*за сите литературни и правописни грешки однапред се извинуваме, но лазороскиот дијалект не трпи измени кога е разбуден лазороскиот инат.

со почит Мојсо Поповски