Pages

ЛАЗОРОСКИ ЗОГРАФСКИ ТАЈФИ - БРАЌАТА ЈАКОВ И ЈОСИФ МАЖОСКИ

Икона (од 1898 година) Богородица со Христос, црква Св. Теодор Тирон, село Јанчиште Тетовско.
Иконата е дарувана на црквата една година по нејзината изградба во 1967 година.
Димензии на иконата: 73.5x49x2.
Зограф Јаков Радев Мажоски (1848-????) од Лазарополе.
Икона (од 1898 година) Собор на Апостолите, манстирска црква Воведение на Пресвета Богородица, село Орах Куманоско. Манастирската црква е изградена во XIV век. Иконата е дарувана - приложил терзија еснаф од Куманово во првата деценија од XX век. Иконата е од дрво и темпера. легендата е на старословенски.
Зограф Јосиф Радев Мажоски (18??-1919) од Лазарополе.
Икона (од 1866 година) Обрежание Христово, црква Св. Петка, село Вратница Тетовско. Црквата Св. петка во Вратница е градена во 20-те години од XX век, иконите се дарувани од непознат дарител по изградбата на храмот. Легендата е на старословенски.
Зограф Јосиф Радев Мажоски (18??-1919) од Лазарополе. 
Икона (од 1866 година) Благовештение, црква Св. Петка, село Вратница Тетовско. Црквата Св. петка во Вратница е градена во 20-те години од XX век, иконите се дарувани од непознат дарител по изградбата на храмот. Легендата е на старословенски.
Зограф Јосиф Радев Мажоски (18??-1919) од Лазарополе. 
Икона (од 1898 година) на Св. Илија, село Никуљане Кумановско - црква Св. Никола.
.Изработена е од дрво и темпера. пророкот Илија има отворен свиток во левата рака и сатар во десната. Ореолот и наметката се преставени со златна боја. Легендата е на старословески.
Зограф Јосиф Радев Мажоски (18??-1919) од Лазарополе.