Pages

* ПОКАНА * Самостојната изложба на Јана Манева - Чупоска

Изложба на цртежи, комбинирана техника, цртеж и дигитална фотографија од циклусот„Портретирани сеќавања“.
Изложбата ќе ја отворат Наде Пешева - ликовен критичар и Јордан Плевнеш - писател.



Во добата на дигитални технологии и постојано редефинирање на предметот на уметноста и опфатот на нејзините граници, интересот на авторката Јана Манева – Чупоска, се врти кон асоцијативните форми кои ги побудуваат во нас ,заспаните’ навидум подзаборавени, но дефинирани архетипови, предавани од колено на колено, како дел од една колективна меморија поврзана со прашањето на културните и етно -идентитети“. (м-р Наде Пешева - ликовен критичар и историчар на уметност).

Кругот, елипсата и другите рамковидни геометриски површини образуваат едно чувство за прегледување или пак, кажано филмски, проектирање на пози од ексклузивен споменар, со интимистичка топлина и со патина која ни е мошне блиска, со повеќеслојно препознатливи кодови од нашиот културно-егзистенцијален бит и корен, истргнати од визуелното, ако сакате, генетско наследство“. (Горан Тренчовски - режисер)