Pages

СЕЛOТO ТРЕСOНЧЕ ВO ТУРСКИТЕ ПОПИСНИ ДЕФТЕРИ ОД XV ДО XVI ВЕК

Реканската нахија (нахија е најмала територијална-административна област во Османлиската империја) била составен дел од Дебарската каза (оваа каза е составен дел пак од Охридскиот санџак (1395г.); овој санџак е дел од Румелискиот беглербеглак /елајет односно вилает/), во која што каза припаѓале следниве нахии: Горни Дебар, Жупа и делумно Долго (Голо) Брдо. Од своја страна, нахијатаРекасе делела на две пределски целини:Мала и Голема Река.
Турските пописни дефтери, просто и разбирливо кажано, преставуват “статистички податоци” во кои што турската централна власт заведувала-попишувала се (и во најзафрлените-најнедостапните нејзини краеви) што се наоѓало на нејзина територија. Попишаните резултати од секое село, град и област (село, нахија, град, каза, санџак и вилает) преставуваат рамка за утврдување на најниските даноци (данок на едно село кој што треба да го платат неженетите или на пример данок кој што го плаќале “неверниците” и сл.) до најголемите даноци кои што ги плаќале феудалците.
Според пописот за Дебар(дебарско-реканската област) и на неговата околина, во 1466/67 година 18 од запишаните тимари се наоѓале во рацете на христијаните – спахиите, кои што имале приход од 19.999 акчиња.
Кога ќе ги читате податоците за селата од реканската нахија ќе сретнете податоци кои што ќе ви се видат малку чудни-смешни од денешна гледна точка, каде што се дадени податоци за неженети, вдовици-вдовци (муслиманките овој данок не го плаќале), податоци за бројот на овци-ситен рогат добиток и слично.
Според пописот од 1467 година, данокот за ситна стока во Дебарската каза бил собран само од 28 населби од сите 5 нахии, и тоа во висина од 10 до 20 акчиња, што значи дека во најдобриот случај едно село чувало до 210 овци, а најчесто 30-40 овци. Меѓу приходите на управникот на Кичевската нахија, во 1569 година, бил регистриран и данок за летно пасиште (јајлак) на планината Бистра, во висина од 400 акчиња.
Во пописните дефтери нема никогаш да сретнете поделба по национална основа (графа за национална припадност) на населението бидејќи таква статистика Османлиската империја не водела, наместо тоа имало “графа” за муслимани, христијани и евреи-јудеи. Врз основа на пописните дефтери се утврдувал данокот кој што го плаќале неверниците, кој што данок се разбира бил поголем од данокот кој што го плаќале муслиманите. Пописните турски дефтери се важен дел за функционирање на Османлиската империја, односно за непречено функционирање на тимарско-спахискиот систем. Кога се извлекуваат податоци од турските пописни дефтери за некоја проблематика-тема од историјата, треба да се биде многу внимателен поради тоа што дефтерите не се потполно точни и врз нив не можеме безрезервно да се потпреме.
Како да ја утврдиме вкупната бројка на населението во едно село ?
Од самиот почеток треба да ни е јасно дека вкупната бројка никогаш нема да е во целост точна, туку треба да имаме до знаење дека се работи за приближна бројка која до некој степeн ја одредува вистинската бројна состојба за едно село или област. Во дефтерите редовно е присутен бројот на семејствата, неженетите и на вдовиците. Но никогаш вкупниот број на лица во едно семјество, на жители на попишаното-попишаните села, а со тоа и на вкупниот број на жители на нахијата, казата и тн. За да може врз основа на ваквите податоци да се добие вкупниот број на лица во едно семјество, што понатаму е основа за пресметување на демографските состојби во едно село, во еден предел и во целата земја, потребно е според вообичаените стандарди во историската наука, бројот на семејствата да се помножи со коефицентот пет (или шест; подолу ќе се обидеме да ја пресметаме вкупната бројка жители на пет малорекански села и притоа бројот на семејствата ќе го множиме со коефицентот пет) и на тоа да се додаде бројот на вдовиците, помножено со коефициентот четири. Имено, се смета дека едно тогашно комплетно смејство, маж, жена и нивните деца, во просек броело пет до шест лица, а вдовичиното (некомплетно) семјство броело еден член помалку (четири до пет лица). Бројот на неженетите не се земал предвид, бидејќи тие веќе еденаш се вклучени во комплетното или некомплетното семејство. Меѓутоа, кај многу од селата од Реканската нахија во пописите од XVI век (подолу неколку примери пред се од Мала Река), бројот на “неженетите” драстично е зголемен во однос на состојбата во пописите од XV век. Понекогаш нивниот број е поголем од бројот на семејствата. Последниве, не така ретко, претрпеле значително намалување. Таа појава принудува на размисла за можните фактори кои ја предизвикале и, дали е во ред приведената постапка кон “неженетите” кога се врши пресметување на бројот на населението. Тоа дотолку повеќе кога се има предвид дека зборот mucerred , покрај значењето “неженет” имал и други значења, кои што во случајов заслужуваат внимание “самец” и “беден-сиромав”. Проблемот-појавата, засега останува, но треба да се нагласи дека има и други причини кои не дозволуваат да се дојде до прецизни резултати за бројот на населението. Главната цел како што споменавме погоре на пописите била, меѓу другото, да се регистрираат сите даночни обврзници во државата. Проблемите се се поголеми ако сакаме да ја утврдиме бројката во градовите и областите.
Приближна бројка на вкупното население за селoтo Тресонче според горе споменатиот метод. Дадената бројка на семјствата во овој случај ја множиме со коефицентот 5. Бројот на вдовици го множиме со коефицентот 4. Бројот на неженети не се зема во предвид при изведување на вкупниот-приближен број на население.
ТРЕСОНЧЕ
1467/68г. – 3 семејства; 3x5=15
1481/82г. – 18 семејства; 18x5=90
1519г. – 35 семејства и 3 неженети; 35x5=175
1544/45г. – 37 семејства и 3 неженети; 37x5=185
1568/69г. – 38 семејства и 9 неженети; 38x5=190
Приближната бројка на вкупното население според пописите за Тресoнче (пописна година) е следен: 1467/68г. 15 жители; 1481/82г. 90 жители; 1519г. 175 жители; 1544/45г. 185 жители; 1568/69г. 190 жители.
Во податоците за Тресoнче ќе го сретнете и називот ДЕРВЕН (деренџиско село). Називот дервен преставува предосманска институција, служба, која што ја вршеле дрвенџии. Оваа служба ја задржале и турските власти. Службата на дервенџиите се состоела од чување на одделни делови од патишта кои, во близина на нивните населби, минувале низ клисури (дервени) и, воопшто, низ тешко проодни и опасни планински места. Дервенџиската служба претежно ја вршеле христијани, макар што многу ретко со оваа служба се занимавале и муслимани. Врз себе ја превземале одговорноста за животот и за имотот на патниците во секторот од патот што им бил определен за чување. Отпрвин тоа задолжение паѓало врз сето машко население од дервенските села, а кон средината на XVI век била извршена реорганизација на службата, со тоа што само дел од жителите на тие села, 30 или 60, а многу ретко 90, па и 120 лица ја вршеле двенџиската служба. На секој дервенџија му било загарантирано правото од страна на Османлиската држава да носи оружје. Ова право е само еден дел од малкуте примери каде што христијаните во империјата имале право да носат оружје.
Во 1544/45 година малореканските села Тресонче и Сушица преминуваат (преместени се) од Реканска нахија (Дебарска каза) во Кичевската нахија (Кичевска каза). За селата Тресонче и Сушица извршени се годишни пописи (како дел од Кичевската нахија) кои што не се поклопуваат според годините со пописите кои што се извршени во Реканската нахија. Зашто овие две села се преместени во Кичевската нахија можеме само да претпоставуваме, но не можеме да дојдеме до некој цврст заклучок. Се поставува, исто така прашањето, родено од географска реалност, зашто, почнувајќи од Тресонче па се до Сушица (и обратно по ова линија) при ова преместување-менување на казите истото не е сторено со селата Росоки и Селце, кои што се на самата средина од линијата Тресонче – Сушица. Одговорот на ова прашање МОЖЕБИ се крие во тоа што селата Тресонче и Сушица ја извршувале дервенџиската служба за разлика од обичниот статус-функција кои што ја имале Росоки и Селце како обични селски населби без задолженија. Можен одговор, исто така, треба да се бара во претпоставка дека селата Тресонче и Сушица некаде пред 1544 година биле во состав-владеење на еден ист тимар (имот). Ова тврдење го изведувам од познатиот факт дека селото Лазарополе околу 1536 година како дервенџиско село било составен дел на тимарот не еден член од војничката тврдина Коџаџик. При тоа, одалеченоста од Лазарополе до Коџаџик е запазена и таа е успешно-брзо совладлива. Можно е ова да е една од причините поради што Тресoнче и Сушицa биле преместени во Кичевската каза. Поради подобра контрола од страна на тимарот, бидејќи и двете села по никоја логига не е можно толку едноставно да бидат префрлени во една каза-нахија чии што административен центар е три пати повеќе одалечен од “стариот” административен центар на казата. 
Тресoнче е стaрo селo спoред пoписните дефтери нo и селo кoе штo упеaлo дa гo преживее бурниoт периoд oд 1467 гoдинa пa се дo 1595-1609 гoдинa, упевaјќи дa не јa пoдели лoшaтa судбинa сo некoи други мијaчки нaселби. во пописните дефтери од 1467 година се пусти и во следните пописни дефтери веќе и не се споменуваат (за тоа која е причината, што се случило во 1467 година - во друг текст поопширно).
За време на пописот на пошироката дебарска област, кој бил извршен непосредно по нејзината реокупација од турската војска, во 1467 година, голем број од села од пределските целини (нахии) Горни Дебар и Река останале пусти (28 од вкупно 105 населби - села). Карактеристично е, притоа, што запустените населби обично биле групирани во оделни региони, како што е случајот со населбите од Мала Река. Тоа секако било последица од поразот на востаниците на Скендер-бег, со кои турските пацифактори жестоко се пресметувале. Ова се настани доста одалечени од времето на првичното навлегување на турската војска во дебарско-реканскиот крај, но добро ги илустрираат последиците за оние делови од овој крај кои енергично одбивале да се покорат.
Интересно е и тоа што за дел од овие села кои што денес не постојат, оние кои во временскиот период од XV до XVI век се науштени (во 1467 година повеќето), сеуште не може да им се одреди нивната локација, каде се ноѓале. Интересен за нас податокот од ваков вид е за селото Јагурица(Јагорица).
Подоцна се забележани низа на локални буни во Дебарската каза, односно во нахијата Река. Овие бунтови во Реканската нахија, од 1560 до 1609 година, биле насочени против турската централна власт, односно против турските власти во самата нахија и Дебарската каза. Овде ќе дадам три примери на буни од Реканската нахија. Во пролета 1583 година селаните од Дебарската каза се одметнале и не сакале да ги плаќаат своите феудални давачки. Овој бран на ненаплаќање на давачките се проширил и во 22 други села во Охридскиот санџак. Во султанската наредба се бара “да бидат убиени бунтовниците, а нивните жени и деца да се заробат”. Дванаесет години подоцна, во 1595 година, во нахијата Река, поточно во селата Штировица, Стрезимир, Кичиница, Ничпур, Нистрово и Трница селаните заедно со неколку арнаути-тајфи од овој крај се креваат на буна. Се доаѓа до информација-извор дека тогаш се кренале околу 10000 бунтовници (оваа бројка е претерана). Исто така во еден документ од 1609 година се вели декаРеканската нахија, како и целата Дебарска каза, и сето нејзино христијанско население се кренало на бунт, што може да значи дека овој крај се бунтувал постојано околу триесетина години (26 години). 
Изрaбoтил Мoјсo Пoпoвски
Текстoт е вo чест нa Михaјлo Мики Ристески-Тресoнчaнец

------

© 2008-2018 lazaropolee.blogspot. All rights reserved. mojso

При објавување на материјали од блогот lazaropolee.blogspot.com во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е превземен текстот.

Користена литература:1. ИНИ, А. Стојановски и Д. Ѓоргиев, “Населби и население во Македонија - од XV и XVI век”, Скопје 2001.
2. ИНИ, списание "Историја", год.XXXX, Скопје 2004, број 1-2.
3. ИНИ, "Историја на македонскиот народ", том II, Скопје 1998.
4. ИНИ, проф. д-р Глигор Тодоровски, "Малореканскиот предел", Скопје 1970.
5. ИНИ, Александар Стојановски, "Раја со специјални задолженија во Македонија", Скопје 1990.