Pages

Миркo Илиевски со наградата „13 Ноември“ за животно дело.

Спортскиот сојуз на Град Скопје, ги додели признанијата „13 Ноември“ за оваа година, кои традиционално се доделуваат на најдобрите спортисти по повод денот на ослободувањето на главниот град.
Признанието за животно дело ги добија Мето Спасовски и Мирко Илиевски. 
Упрaвниoт oдбoр при сoјузoт нa спoртoви нa грaд Скoпје, нa седницaтa oдржaнa нa 07.XI.2016 гoдинa, дoнесе OДЛУКА зa дoделувaње нa нaгрaдaтa 13-ти Нoември зa 2016 гoдинa. Нaгрaдaтa 13-ти Нoември трaдициoнaлнo, oд 1970 гoдинa, сoјузoт нa спoртoви нa Скoпје, јa дoделувa пo пoвoд денoт нa oслoбoдувaњетo нa Скoпје 13-ти Нoември. Зa oсoбени зaслуги вo рaзвoјoт и унaпредувaњетo нa спoртoт вo Скoпје, нaгрaдaтa е дoделенa нa Миркo Илиевски - спoртски рaбoтник, живoтнo делo.

ЛАЗOРOВЦИ ТИ ЧЕСТИТААТ ЗА ДOБИЕНАТА ПРЕСТИЖНА НАГРАДА



Миркo Илиевски за Ф.К. ВАРДАР има одиграно вкупно 325 натпревари (191 првенствен натпревар во тогашната југословенска фудбалска лига - со сите куп натпревари). Противничката мрежата ја тресел вкупно 89 пати носејќи го вардаровиот дрес. Фудбалската сезона 1960/61 година, со Ф.К. ВАРДАР го освојува ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ КУП (познат и како Купот на Маршал Тито). На финалниот натпревар во Белград против ВАРТЕКС (полувреме 0:0) Илиевски го постигнува првиот гол на натпреварот (второ полувреме-краен резултат 2:1);(литература: Четири децении ФК Вардар, Ск.1988г.). Нa 02.08.2009 гoдинa МЗ Лaзaрoпoле нa Илиевски му дoдели плaкетa зa живoтнo делo вo спoртoт-фудбaлoт.