Pages

АДЕТИ ЗА ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК КАЈ МИЈАЦИТЕ

*Запишано од Панајот Гиноски (1842-1882)*
Летник го наречуваме првиот ден од треќи месец - од мартов месец. Во цела година се зноет за четири годишни времиња... А март је најпрви месец пролетен. Затеа нашите стари најпрвиот ден од месецот пролетен го нарекле летник односно пролетник. Тој не је црковен, туку природен празник. Природата која зиме била спала и огрдела, одтуе од овја ден зафаќат кроце по кроце да се разбудуват и разубавуват
Вечерта спроти ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК, а едни пак утрината на летник, жените им клавает на децата млници-низалчиња кои што и носит од ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК до ЃУРЃОВДЕН. Колку мошки (можи, момчиња, деца) се во секоја куќа толку млници-низалки клавает. Децата и носит своите низалки и низалките на другите мошка челат од куќата, затеа едно детуле моет да носит по две, три и четири млници-низалки. Сполај му на Бога за повеќе!
А шо се млници? Млници наречуваме низалче, низалче од неколку старицела-стребрени пари и жлтици, нанижани на еден конец бел и ленен, а другиот конец је од црвена коприна. Двата конци усукани се заедно и сторен је еден конец црвено-бел. Млниците и носит за здравје. Млница имат значение по самото име за млн`а (млња - МОЛЊА) за да и не удирила рофија (гром) пред лето.
Кога излагает и израстувает пролетни нови коприни децата велит: "на сува дрва и камење нека одит треска и огон, а на мене нека доет здравје и весеље!". Ко ќа доет ЃУРЃОВДЕН жените им и соневает-симнуваат млниците, старицелата-париците, и клавает во кофшежиња, а млниците и клавает на трондафил, за да бидет како него црвен и бел и никаква лошотија да не и фатит да се пишманит од убоцувањето.
Обработил Мојсо Поповски

ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ - ВИДИ ЛИНК


АДЕТИ КАЈ МИЈАЦИТЕ ЗАПИШАНИ ОД ПАНАЈОТ ГИНОСКИ