Денови на НАРЦИСОТ Лазарополе Цути (25.05.2018)
Преданијата
за минатото, испреплетени со митот и вистината, и ден денес се присутни,
особено меѓу луѓето од Малореканскиот крај и тие како специфичен начин на
живеење ја крепат душата, ја поттикнуваат вербата и ја зголемуваат
одлучноста.
Пред 3 години после речиси 30 години ја продолживме традицијата на нашите
предци и го возобновивме Фестивалот на Нарцисот , манифестација која што нашите
предци секоја година ја одржувале во периодот на цветањето на нарцисите.
Возобнувањето го започнавме на 23 Мај 2015 под мотото “Лебот го храни телото НО
НАРЦИСИТЕ ја освежуваат душата“. Традиционално со звукот на зурлата и тапанот
огласен од нашите традиционални придружници на фестивалот Мајовците, од сред
село сите присутни како домаќини така гости
тргнавме кон ливадите со дивите нарциси на т.н. берење на нарциси ( по селски).
Посетеноста беше огромна, со дружба, песна и игра, со звукот на топаните
заиграа сите присутни, со китки од нарцис во рацете со радост во душата,
одбележено со традицинонална закуска.
Самата манифестација односно Фестивалот ДЕНОВИ НА
НАРЦИСОТ – ЛАЗАРОПОЛЕ ЦУТИ ја поврзува локалната лазороска традиција со
природното опкружување и воедно претставува механизам за афирмација на
руралното културно наследство - нематеријално и материјално.
Секоја година фестивалот има свое мото:
- 23 Мај 2015 година - Лебот го храни телото НО
НАРЦИСИТЕ ја освежуваат душата.
- 28 -29 мај 2016 година.2016 година - Лебот го храни
телото НО НАРЦИСИТЕ ја освежуваат душата – ПОД мото ЉУБОВ
-20 Мај 2017 година. –Продолживме со мотото ЉУБОВ.
“Силно ќе ги отвориме очите на ДУШАТА и преку НАРЦИСОТ
ќе ја споделиме ЉУБОВТА .
Љубов за НАРЦИСОТ, Љубов за УБАВИНИТЕ, Љубов за
ЖИВОТОТ, Љубов за ЧОВЕКОТ.“
Оваа 2018 година традиционално Фестивалот на Нарцисот
– Лазарополе Цути ќе се одржи на 25 Мај 2018. Фестивалот ќе ги поврзува
локалната лазороска традиција со природното опкружување, овогодишното мото на
фестивалот е : ЛАЗОРОСКА ТОРБА НА ИДНИНАТА - да ги ставиме во заедничка
торбичка сите наши знаења, обичаи, традиција, искуства, вештини и ресурси во
функција на зачувувавање и унапредување на природната убавина, културното
наследство, поддршка и зајакнување на семејните вредности , заштита на
опкружувањето и учество во поддршката и развојот на одржливиот развој, развој на
туризмот, поттикнување и зачувување на старите занаети и нивно искористување
како потенцијална туристичка атракција се со цел осигурување на нашата
иднина.
(Програмата на манифестацијата накнадно ќе бидео бјавена)