Pages

Делумна забрана за движење во шума.

Н.П МАВРОВО
ИЗВЕСТУВАЊЕ


Со оглед на зголемената опасност за појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведува делумна забрана за движење во шума и на шумско земјиште во Националниот парк Маврово од 06.00 до 20.00 часот - истото важи и за атарот на Лазарополе.
Забраната почнува да важи од 09.08.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска против вредност.
Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите во заштитеното подрачје кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на Ј.У. Национален парк Маврово.