Pages

Документарни филмови за Лазарополе и малореканскиот крај.

Ви прикажуваме, преку YouTube каналот Lazaropole Macedonia (YT канал на блогот за Лазарополе), неколку документарни  филмови во продукција на ТВ Скопје, снимени и емитувани во 70-те и 80-те години од XX век. Документарните филмови се чуваат и се дел од архивата на МРТВ. Во нив се обработуваат тематики од природните науки, културата, религијата, етнологијата (носии) и историјата на населението од малореканските наслеби: Лазарополе, Гари, Тресонче, Селце, Росоки и Галичник. Посебно интересни се документарните филмови за манастирот Св.Јован Бигорски (резба), филмот за зографот Дичо од Тресонче и за последниот мијачки зограф и копаничар Крсте Колоски од Лазарополе. Документарните филмови даваат свежи сеќавања, изворни кажувања за миграцијата и иселувањето на населението од малореканските населби во повоениот период, пред се во 60-те години од XX век - тоа се филмовите за Галичник, Гари и Лазарополе. За поголемиот дел од документарните филмови, заслужни за снимањето, реализацијата и емотувањето на истите, во ТВ екипите ги среќаваме потпишани и следниве лазоровци, кои во тоа време работеле во ТВ Скопје: Д-р Блаже Смилевски, Бошко Перински, Славе Јолески и Русе Кардалески.

Напомена - видеата не се достапни на мобилната верзија од блогот. Треба да одберете подолу View web version.

ЛИСТА НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ И ЛИНКОВИ ОД YouTube КАНАЛОТ (блог за Лазарополе) Lazaropole Macedonia












ЛИНКОВИ 












ДРУГИ ЛИНКОВИ ЗА ВИДЕА ОД YouTube Lazaropole Macedonia Channel:





















21.

©2008-2020 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините на lazaropolee.blogspot.com ® е дозволено доколку се наведе изворот со линк од блогот: статијата, фотографија или видео  кое се превзема (максимум 60-100 зборови).