Pages

Ендогамијата кај Мијаците.

Племенската организација кај Мијаците се зачувала се до крајот на XVIII век или пак се до XIX век. Новите историски податоци даваат нова слика. Племенската организација кај Мијаците се распаднала со поставувањето на границите по 1913 година, кога на Мијаците им биле попречени природните миграции во основната економска гранка, која го дефинирала племеснко-патријахалната организација, а тоа е сточарењето и преселбата на стоката од летните кон зимските пасишта во Солунско Поле. Нема да згрешиме ако речеме дека племнската организација кај Мијаците полека и дефинитивно згасува хронолошки од 1913 до 1970 година. Последна карактеристика на племенската организација која најдолго и последна загснува е ЕНДОГАМИЈАТА КАЈ МИЈАЦИТЕ. Мијаците никогаш не се мажеле и женеле надвор од своето племе, но исто така бил забранет брак и во кругот на родот. Оваа карактеристика ја обработувале многу учени од балканските земји кон крајот на XIX и почетокот XX век, како што е: Цвијиќ, Смиљаниќ, Сима Тројановиќ, Кнчов, Страшимиров и Верковиќ. Со оваа племенска карактериски се занимавал и Александар Матковски кој што ја прифаќа и надополнува: “… Затоа таквото племе неминовно опфаќало барем два рода да би можело да постои самостојно. Поради ова Мијаците се делеле на многу родови . ...”. Едногамијата кај Мијаците започнува споро да се распаѓа во периодот од 1913 година и трае се до 70-те години од XX век, кога започнува таканаречената миграција село-град . Дури и во 80-те години од XX-век имаме примери, пред се, каде што верениците, кои немале потекло од тој крај, на момчиња со потекло од малореканскиот крај или мијачките енклави, кои за прв пат во летните месеци доаѓале во населбата биле прашувани: “Момава е нашинка?”. Ова карактеристично прашање било изговарано од постарите жени од малореканските и енклавските населби на Мијаците кои и во тоа време се интересирале дали е девојката од нивната заедница, односно од кој сој е. Одоговорите пак биле карактеристични, “Да да! Македонка сум!” .

ПОГЛЕДАЈ ВИДЕО


ВИДЕО ИСЕЧОК ОД ДОКУМНТАРНИОТ ФИЛМ "ОРЕШЕ МИЈАЧКА ОАЗА" 2004г.link:
https://youtu.be/IEJ5VaaceBc
Ламбевци-Струшовци

© 2008-2021 lazaropolee.blogspot. All rights reserved
Превземањето на содржините од
 lazaropolee.blogspot.com ®
 е дозволено доколку се наведе изворот
 со линк од блогот: 
статијата, фотографија или видео  
кое се превземена (максимум 60-100 зборови).