Pages

"Речник на интересни мијачки и бошкачки зборови" од Слободан Шошкоски

Во соработка со институтот за македонски јазик  "Крсте Мисирков" во списанието Македонистика бр.22 издание за 2023 година, излезе "Речникот на интересни мијачки и бошкачки зборови"

Почитуваниот автор Слободан Шошкоски, професор по историја, во врска со ова негово дело скромно ни изјави:

"Овој мој мал придонес за зачувување и негување на мијачкиот дијалект од регионот на Лазарополе, Горна Река, верувам дека ќе биде поттик за натамошни активности и истражувања на ова големо јазично културно богатство.

Голема благодарност за коавторството на д-р Македонка Додевска, за менторстовото на проф. д-р Веселинка Лаброска и рецензентството на проф. д-р Борче Арсов. Огромна благодарност за поттикот, препораките и поддршката на проф д-р Љубица Кардалеска Радојкова.".



ДЕЛОТО МОЖЕ ДА ГО СИМНЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК 

Македонистика