Pages

Ритамот и звукот на топанот. Мијачко право оро - Мајовци.

Каснакот од топанот се изработува од костен или, пак, од ореово дрво. Карактеристично е тоа што дрвото, по направениот избор, се поставува во ѓубре од лисја и таму стои до два месеца. Потоа започува процесот на виење на каснакот, за да добие еластицитет и боја. Следи изработката на обрачот, кој се прави од дрво леска. Кожата на тапанот е од коза или, пак, од младо теле. Пречникот на реканскиот-мијачкиот топан е 62 сантиметри.