Pages

Лазарополе – Рубрика Јазик и говор

Со поддршка од страна на проф. д-р Љубица Кардалеска-Радојкова (автор на книгата ,,Мојот прв зборовник од Лазарополе”) овозможена е соработка со Македонската академија на науките и уметностите и со Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков”. 

Имено, во тек се дополнителни потфати од сферата на лингвистиката, поврзани со сочувување и приопштување на дијалектните особености и специфики на локалниот говор.

Во Македонската академија на науките и уметностите, во Истражувачкиот центар за ареална лингвистика е предаден видео запис заради негова обработка (издвојување аудио запис и транскрипт) и поставување на дигиталната мапа на дијалекти. Во записот, забележан од нејзиниот внук Мојсо Поповски, на изворниот дијалект говори г-ѓа Марица Гиновска Поповска.

Исто така, продолжува соработката со Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков”, со работа на лексикографски труд заснован на богат список заглавни единици обезбедени од Слободан Шошкоски.


ПОВРЗАНИ СТРАНИЦИ

*Дигитална збирка збирка на текстови од македонски дијалекти.

*Текстови од македонските дијалекти.

*Прашалник за собирање дијалектен материјал.


проф. д-р Љубица Кардалеска-Радојкова