Pages

КОСТА поп ТЕОФИЛОВ ПОПОВСКИ ЖУНГУЛОСКИ

КОСТА поп ТЕОФИЛОВ ПОПОСКИ ЖУНГУЛОСКИ (1878-1940)
Тој е познат, меѓу другото, како мошне плоден и висококвалитетен објективен хроничар на своето време. Записите што тој ги оставил го афирмираат како најоргигинален летописец од карајот на XIX и почетокот XX век. Своите белешки ги создавал во време кога антимакедонските пропаганди на соседите воделе силна и бескруполозна борба за освојување на нашите духовни, просветни и културни простори. За енергично и конкретно спротиставување на овие асимилаторски тенденции и заграбувања, тој бил изложен на рановиди прогони и омаловажувања од носителите на овие антимакедонски пропаганди и активности.
литература: "Лазарополе во подалечното и поблиското минато", стр.20.ПОВЕЌЕ. Текстот е на Слободан Шошкоски. Роден е во 1878 година во Лазорополе. Мораме да напоменеме дека на селските гробишта во Лазорополе, каде што е закопан, како година на негово раѓање се наоѓа 1876. Син е на архимандритот аџи Теофил Аврамов Жунгулоски додека мајка му се викала Цвета. Останува сирак на шестгодишна возраст, заедно со брат му Аврам и сестра му Ќира, откако мајка му починала во 1881 година, а татко му бил ѕверски убиен на Илинден 1884 година. Грижата за него ка презел стрико му Јосиф Жунгулоски. Првичното описменување го добил во селското училиште, а имал завршено и два класа гимназија во Софија. Успевајќи да се исшколува станал учител. Учителствувал во родното Лазорополе во учебната 1896/97, во 1897 година работел како учител во манастирот Свети Јован Владимир во Коњух (Елбасан), а потоа бил учител во манастирот Св. Пречиста 1900/01, за повторно да биде учител во Лазорополе од 1901 до 1904 година.Автор е на ракописната книга „Летописни белешки“, во која што забележувал разни преписи на стари црковни записи, кои ги собирал од стари цркви и други документи до коишто успевал да дојде, воедно овие „Летописни белешки“ содржеле и бројни податоци за родот Жунгуловци (родословното дрво Жунгулоско), за архимандритот Теофил, како и за сопствените животни премрежија.Кога во Лазарополе било формирано раководно тело на селото, задолжено да одржува контакти со револуционерната организација, тој како учител во селото зел учество во тоа раководно тело, во кое покрај него се наоѓале уште и Ѓорѓе Јосифоски, Димо Ажиески, Митре Ѓиноски и Исаија Велов Палчески. Името на Коста Попоски во мај 1903 година се среќава како командант на Горскиот штаб на оружените востанички чети од Малореканскиот крај. Долги години минал во српските и бугарските затвори, бил прогонуван и измачуван.Во 1909 година тој бил избран за главатар на селото со помош на Кокалевците и најверојатно оваа функција ја извршувал до почетокот на Балканските војни 1912 година.Во 1912 година, (со воспоставувањето на новата власт) српската полиција извршила упат во неговата куќа во Лазорополе при што запалила бројни вредни ракописи и документација грижливо собирана од неговиот татко архимандрит Теофил, многу руски и бугарски книги, концепти за учебници напишани од архимандрит Теофил, како и негова лична документација.Коста Теофилов Попоски според еден стар ракопис, што се чувал како семејна реликвија, го изработил родословното стебло на Жунгуловците од крајот на 17 век до средината на 20 век. Во Лазорополе овој цртеж е познат како Родословие Жунгулоско или Родословно дрво Жунгулоско. Изработката на ова родословие започнала во 1929, а била завршена на 1 јануари 1930 година, а тоа и понатаму било дополнувано.Се женел три пати и тоа со Маса (ум.1919), Евгена (ум.1928) и со Перса (1934) а зад себе ги оставил наследниците, синовите Теофил, Нестор, Аврам, Ѓино и најмалиот Петар; како и ќерките: Цвета, Ивана, Ивка, Донка, Риста, Благуна, Љуба (донесена од четвртата жена) и Савка.
Починал во 1940 година, во Лазорополе, каде што е и погребан на селските гробишта.