Pages

ВИДЕНИЕ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОВСКИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ ВО ДЕБАРСКАТА ЗАНДАНА НА 8 ЈАНУАРИ 1889 година

ВИДЕНИЕ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОВСКИ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ ВО ДЕБАРСКАТА ЗАНДАНА НА 8 ЈАНУАРИ 1889 година
Седев испружен на лита рогузина, налактен на левата рока, со десната цигар си паља од мангалот. Гледав на запад. “Тешко ти и горко, Исаија”, си мисља,“ кој зноет шчо те чекат ушче!”
После си реков со умот: “Ами свети Ѓорѓија, ами свети Димитрија, не биле души? И шчо извиделе, и шчо истргале, и животта ја дале за Ристоса!”
Тога се претстави пред мене мож речи триесетгодишен, воин во зелена облека.
- Шчо си се уфилил, Исаија? -праша. - Таке и таке, Господине! - Не бери гајле, Исаија! Имат Господ над нас. Ќе тргаш моки, за тргање, ама и куртул имало за тебе. Таке да зноеш!
Прибрав душа, зедов здив, тргнав од цигарот.
- Ами како влезе овде низ тољку стражи, Господине?
- Мене не моет никој да ме видит. Слегов на коња од Лазарополе долу низ Вртешка. Сега требет назад да се вратабрго-брго, дур не догледала Дунава твоја оту ме немат на иконата.
И го снема.
Тога ми текна оту беше свети Ѓорѓија златен.