Pages

МИЈАЧКА КУЌА

МИЈАЧКА КУЌА
"Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле", Тома Смиљаниќ
„...примитивната куќа сега е заменета со куќата на душеме (на кат). До вакви куќи дошле Мијаците кога се оддале на ѕидарскиот занает; можеби како ѕидари сами дошле до неа и понатаму ја пренесувале. За да подигнат куќа на кат тие не ѕидале ѕидови од сите страни, туку само од две или од три страни. Кровот некогаш бил покриван со слама, а денес со камени плочи. Подот во ‘куќата’ е од набиена земја и за тоа таму се најдебели подниците (гредите). По другите одделенија подот е од шчица (штица). Денешната куќа кај Мијаците во приземјето има трем за затворање на стоката и клед за чување на најразлични потребштини, облека, мрс, овошје, зеленчук. Исто така, во кледот секопа и скривница, која е вешто прикриена. Кледот е многу мрачна просторија и таму младите ја поминувата својата прва брачна ноќ. Во тремот се наоѓа амбарот за чување на житото, а исто така, таму се икаците. Во ѕидовите се сретнуваат четвртасти вдлабнатини, камари. Во тремот прозорците се мали и преку него се оди на спратот со помош на скали кои што се прицврстени. На горниот кат најголеми одделенија се ‘куќата’ и чардакот. Во ‘куќата’ има две врати, голема и мала, кои се свртени една спрема друга, обично на јужната и на северната страна. Малата врата служи за комшилук и за бегство кога ќе влезат арамии во куќата, и понекогаш е наместена повисоко наѕидот, а големата врата, пак, претставува официјален влез во куќата. Пред големата врата се простира дворот, а од малата врата се оди или во мало дворче или директно на улица. Чардакот е најголемиот дел од куќата и служи за пречекување гости и за најразлични веселби. ‘Куќата’ служи за кујнски работи. Во дното, на средината, се наоѓа огништето, вдлабено и округло, порабено со роб“.