Pages

ЛАЗАРОПОЛЕ, 30 јули 1807 година, Св. МАЧЕНИЦА ОГНЕНА МАРИЈА

На денешен ден 30 јули 1807 година на верскиот празник Св. Маченица Огнена Марија Лазарополе е зафатено од силен пожар. Како што пишува во афтобиографијата НАКАЗАНИЕТО на Ѓурчин Кокалески на денешен ден изгореле 53 куќи. Еве цитат од Наказанието во врска со овој настан:
"... Ама таја година изгоре селово (Лазарополе) со силни огон. Изгорее 53 куќи. Сам Господ и изгоре, дека бехме грешни. Тога влегох коџобашија в село, веќил светому Ѓорѓију. И тога појдох во Света Гора да ја има милоста пресветее Богородице. Амин. А селаните не достоае на зборот. На сите, токо моите, каскадисае. Затова изгорех. Господ да чува. Амин. ..."
види повеќе за Наказанието "НАКАЗАНИЕТО" НА ЃУРЧИН КОКАЛЕСКИ