НАКАЗАНИЕТО на Ѓурчин Кокалески

"НАКАЗАНИЕТО" НА ЃУРЧИН КОКАЛЕСКИ
Наказанието на Ѓурчин Кокалески преставува во сушност една автобиографија, напишана со цел да ги поучи неговите синови и внуци како да работат за да спечалат повеќе од него, сепак, формално погледнато, таа дава впечаток на летописни белешки пишувани од година на година. Со своите економски податоци таа фрла силна светлина на една од најважните стопански гранки на Македонија, сточарството, кое врвеше по нагорна линија се до 1912 година кога му беа одземени природните услови со цртањето на вештачките граници меѓу северните планински летни пасишта и рамничарските јужни топли летни пасишта во Ениџе-Вардарско и Солунско со што неговиот развиток беше нагло пресечен. На примерот на Ѓурчин Кокалески може многу убаво да се следи растот на нашите крупни сточари, средствата и патиштата по кои се движеле, нивната психологија и држење врз база на тоа економско јакнење. Од самото Наказание ни се преставува Ѓурчин како многу богат сточар и како човек кој што во конкутенција не одбира средства за своето обогатување. Врвејќи по тој пат Ѓурчин станал ќаја, почнал да се занимава со лихварство и успеал да ја купи планината Луковец. шумата Лопушник и многу пасишта. До 1823 година тој имал спечалено 25.000 гроша, 1000 овци и 25 коњи, а до крајот на неговиот живот нам не ни е познато колку изнесувало неговото богаство. од друга страна тој е обвинуван за учество во Негушкото востаније од 1822 година и едвај се спасил со бегање дома. Меѓутоа, не успеав сеуште да пронајдам точни и потврдени информации дали Ѓурчин имал некви врски со востаниците од Негуш. Преку своето богаство Ѓурчин спечалил и голем авторитет и популарност во својот роден крај. Тој бил одбран за коџобашија во своето село а народот од Река (пред се од Горна Река) го слави како добар јунак, му пее песни. Познато е дека Лазоровци во минатото (по смрта на Ѓурчин) ја употребувале неговата сабја како реликвија која што ја миеле со вода, од која што вода им давале на децата да се напијат за да им се земел стравот. Како крупен сточар Ѓурчин си спечалил големи пријатели и меѓу турската господарска класа. Имал врски со Цариград и дури во еден објавен документ во "Шумарски лист", год.VIII, бр.4-6 се фали дека ја купил шумата Лопушник од царот турски за 12.500 гроша. Што е многу карактеристично овој крупен сточар подигнал две цркви: во родното село Лазарополе и во Лубново и една џамија за делот на муслиманското население во Лубаново, село кое се наоѓа до устието на реката Бистрица во Солунскиот залив (делот на Македонија под Грција). По пишување на етнологот Томо Смиљаниќ- Брадина (од Тресонче) тој тоа го сторил под изговор дека "неговата стока при врвењето правела несвесни штети и на христијаните и на муслиманите". Ѓурчин Кокалески умрел околу 1863 година во своето родно село Лазарополе. Покрај вредноста на Ѓурчиновот Наказание за стопанската и политичката историја тоа претставува исто така и одличен извор на нашиот јазик (пишувано на мијачки дијалект со старословенски букви) и за етнографијата. Овде го преставувам текстот што го најдов кај А. Белиќ во неговата книга "Галички дијалекат", Београд 1935г., но со македонска азбука-диалектот е запазен во целост, затоа немојте да мислит дека некој збор е погрешно напишан. Овде ќе прикажам дел од Наказанието на Ѓурчин Кокалески. За Ѓурчин Кокалески (Кокале) ќе следи опширен текст во делот со наслов ЛАЗОРОВЦИ, каде што ќе бидат преставени поголем дел на историски текстови кои што се однесуваат на видни луѓе кои потекнуваат од Лазарополе кои ја задолжиле-обележале македонската историја.



НАКАЗАНИЕ






1775 година. Во славу светују едносушнују и неразделнују Отца и Сина и светога духа амин. Ето да се зноет на овоа сенет су се родил Ја, Ѓурчин Кокале, со аир! Слушаите вие, синови и мнукови мои, и си родови што сте мои: наказание што су патил ја от кога су се родил, ја грешен.



1775 година. Татко и маика мои, господари Илија и Кала, родие три деца и три ќерки, сите постари от мене. Стоја татка со маика 12 години. Умре. Го отепае, Бог да го прости. Остана маика вдовица. И ни остави татко 200 офци, и 7 кони и 1000 гроша пари. Умрее двата, една сестра и еден брат. Останавме две сестри и мие дваица, ја помал од сите, Силјан постар, ама и тој аџамија. Изедое стоката толку останае 40 офци.



1785 година. Силјан се ожени и се одели. Тои зеде 15 офци, мене ми даде 25. Остана маика со мене и со момичките две. Друго ништо, како никои нигде. Ама маика, господарка од сои, Бог да ја прости. Богољубна, се помоли Господу, сполаи му, пресветее Богородице, и Светому Јоана Претечу и Светому великомученику Ѓорѓију и светому велкомученику Димтрију, сполаи им, да им имаме милоста. Амин. Ме зеде маика, ме однесе во Дебор, ме глави шуле да уча јозик. Стојах туве 2 годиње, научих фитос арнаутски. И ме гледае Турци како чедо нихно, ала бериќет рси. От туве ме прати во Катерино со Силјана, какпи олан и таму. Отоде отидохме. Ме даде со зета ни Илија Коштрески. Терзија стојах 2 години, ама се научих фитос. Пак појдох во Воден две години, да се алаштиса.



1792 година. Сторих, сторих 17 години! Гопод Исус Христос и Пресветаја Богородица, и свети великомученик Ѓорѓија и свети великомученик Димитрија да им има милоста! Ме разаумие. Останах дома терзија. анџија, кираџија, бојаџија, базриќан, ама сиромах. Ама милостиф Господ, богат. фатих да се мола Господу, и Пресвете Богородице, и на сите свети ангели, и апостоли, и пророци, и мученици Хрисови и на тие одбрани воини, Христови мученици.



1793 година. Свети Великомученик Ѓорѓија и свети мученик Димитрија да им милоста! Сефте ми дадое ум и разум, после јунаство. Пред мене не моеше да излизет никое ни со занает, ни со пушка, ни на кон бинеџија. Скоках 55 нозе на три ноги, 25 от еднош, кони скоках 7. Камен не моеше да ме заменит никое. Со 10 оки камен фрлах - 50. Мери со твоите, кои сакат да се обидет, еве урнек.



1794 година. Да се зноет наказание што су патил ја тога, сполаи му Господу, и Пресвете Богородице, и светема Јоану Претечу, и светему великомученику Ѓорѓију и великомучемику Димитрију. Тие воини Христови ме ибавие, како детето што го избави Св. Ѓорѓија от ропство и како Св. Димитрија што избави девојките солунски от идолско пленение. како детето сиромахче што му помоли светому великомученику Ѓорѓију да надбори децата сите што му изедое јајцата безриќамите.



1795 година. Таке и мене Господ и тие свети мученици ми помогое таја година. Казадисах малу пари. Појдох во Прилеп, купих едно конче. Му го дадох Цигулу, вуикове. Бее му го украле. Пак до година поидох, купих два, пак едниот ми пцовиса. пак другата година зедох анот и треах свини. Казадисах многу, от Господа, сполаи им ме дарува дар голем колку радех. Поидох во Прилеп, купих еден кон убаф и 30 офци млезници.



1797 година. Сторих 22 години. Се сврших. Му и дадох офцие Стамату. До година се ожених. Влегохме аџии со Стамата. Казадисахме многу, сполаи Богу. До годината поиде Стамат на Лутро. Одра наполу офците. Пак ја поидох пролета. Си отепах конот со туфек греум. Прикупих офци. Поидох во Прилеп. Идеејќи здола зедох еден кон арслан. Оттога сполаи му Господу , тој кон го јаха 21 година, со се седло. Никое не ми замина со него.



1798 година. Таа година, сполаи му на Господу, зедпх офците Реџоски од Зога. Поидох во Прилепско Поле, во Загориче главих Петрета. Стамат остана анџија, ја кехаја. Стојах 2 години. Казадисах 250 офци ала бериќат рси и 300 гроша пари. Сефте туве су кинисал со офци и се сторих кехаја, да би со аир. Амин.



18-- година. Отуве појдох за Солун со Ѓорета и Чупчета на Платија. Зборвахме со цена, со брои десет пари трева ќирија. Извадихме офците како мечки, ала бериќет рси. Зедохме кешлите Платиски, обете од папа Пулиза, Бог да го прости и него! Тои ме разуми, ала бериќет рси.



1801 година. Тога собрах карашици со мене, Галичани - Нове, Бајрам и Ило Цубале и Ѓоре, Чупче и од село Платичани собрах 4500 офци. Извадихме офците како мечки. Се чудеше свеот. Туве стригохме по ока ипол велна. Ја дадохме на матрапаза во Солун. Тога извадих офците бодивајава. Имах тога 810 офци и казадисах 300 гроша, ала бериќат рси.



1802 година. После отуве не истерае. Поидохме со Стамата во Бер на Моношпита, со брои по 8 пари. Извадиихме офците живи ама тенки. Отуве појдохме пак во Прилеп со Стамата, со Загориче. Падна една зима, и одрахме половината, и ранихме, и ранихме, аман Господи се потресохме! До година стамат ме остави си поиде во Солун.



1803 година. Ја пак останах на Загориче со Јована Дуда од Гари. Извадихме офците убави мошне. До годината пак тува со Климена од Селце, го имах ценато со брои по грош, сите арџеви и да го рана. Извадихме офците убави. До година неќеше. Со ќесме влезе ортакПадна една зима тешка. ранихме, ранихме 300 товари сено и 20 коле сено. Изедехме по пула на офци. Ама извадихме офците.



1807 година. Отуве поидох пак во Солун. Во Плата тога влегох ортак. Со карашиците извадих офците, убави мошне. Ама таја година изгоре селово (Лазарополе) со силни огон. Изгорее 53 куќи. Сам Господ и изгоре, дека бехме грешни. Тога влегох коџобашија в село, веќил сцетому Ѓорѓију. И тога појдох во Света Гора да ја има милоста пресветее Богородице. Амин. А селаните не достоае на зборот. На сите, токо моите, каскадисае. Затова изгорех. Господ да чува. Амин.



1808 година. Отува досидох на Ресен. Го зедох 600 гроша. Доиде со мен Стамат Димкоски, Трајан Димкоски, Секо и Павле Џугула, и Ристо от Могорче и Пеико Гиноски от Галичник. Собрах 4300 офци. Тога казадисах 500 гроша и офците бодиави, алабериќат рси. И имах по 14 пари со цена. Да гледаите и да се разумите: мене тога ме кладое коџабашија бес ак за зап, оти имах дар од Господа, сполаи му за това. Ме чува Господ, не изгоре мојата куќа.



1809 година. Отува појдох во Бер у Калоџија за Лубаново. Кешлата ја зедох 1000 гроша и 700 оки мас. Сполаи му на Господау, Бог да прости от кога се стори себеп. И Калоџија, Господ да го прости от Господа. И отува су ќехаја и чорбаџија. Тога дојдое Гиновци от Галичник, Трпко и децата Пеикови, со цена 500 гроша ќејалок и офците бодијава, 750 офци. И Арнаути имах на Скеле, Али Прапофци от Долни Дебор.



1810 година. Отуве после до годината, пак и зедох кешлите Лубаноски: Емискате и Скеле 1000 гроша и 700 оки мас. Се сторие тие сафи пари и мас. Селската се стори 2050 гроша. Дабзоан со се мас 250 гроша. Туркор Хор 300 гроша. Милово со се мас 50 гроша. Клидија и Чинар Фурни 250 гроша. Со се пари со се мас 320 гроша. Сите сими 4220 гроша. Сите кешли овие и имах ја сам купено со аир! Амин.



1811 година. До тога казадисах 2500 гроша и офците мои бодиави, ала бериќат рси, од Господа и од сите светии. И Ѓина од Галичник. Господ да го простит со се синови и мнуци и родови негови. Ете, кога сакат Господ како даваат! Вие, деца мои, ето таке да зноете, ако се молите Господу со чисто срце и вам ќа ви поможет Господ. Оваке ќа ве даруват. Амим! Кладох на кешлите сите 11.100 хијлади офци.



1812 година. Поидох, пак зедох кешлата. Ѓиновци не доидое, сакае ортаци, Ја не и зедох. Тога доиде Анѓелко от Галичник, побратимот, Бог да го прости, и Ило Цубале и Тути, Јован од Тресанче и Стамат на Емиската. Скеле му го дадох Јанове Гогова, на Влахот 770 гроша. И тога казадисах, ала бериќет рси, 1500 гроша и офците бодијава.



1813 година. Пак ја зедох кешлата на таја паха. Ама изметилавихме шилежината. Мошки се уплашие. Карашиците не идет. Моста беше скопа. Ја со мас, а цената 715 оки мас и 1000 гоша пари. И маста беше скопа по триипол гроша, се чинит 2500 гроша. Не идет никое. Саках да ја остава, ама маика, Бог да ја прости не ме остави, токо ми даде гаирет: "Поиди, синко, тамо, ала ќерим". Поидох во Бер у Калоџија, Бог да го прости, на верата негова. Ја угајден фатих да чина анаџилоци. Ми велт агата: "Што си дошол сега ќехаја, олаџим вакат сас, во оваја доба, коде Крстовден.", а ја му рекох: "Аман, ефендом, ја су дошол да ти кажа вистина, кешлата ја зедох, ама ми е скопа, маста ексет по три гроша и пол. И пак зулум од Али паша.", а тој здихна сиромах и рече: "Синко, да немаш касавет, нека сме живи, ја и ти не одиме на кадија. Стоката е наша, моја е кешлата мулк, стоката твои. Никое да не не апсикат. Ја тебе те има мои еден икрам ќа ти сторам.", и си влезе во арем, а ја многу се зарадвах, оли имах сите пари во пазува, да му и дадва, 1000 гроша токмо. Утрината стана, ме вика, пихме кафе, и му рече мнук му: "Ќехајава ќа си одит, како сторихте?", а тој рече: "Господ, Господ како ќа сакат. Така парите 100 гроша да му се прости, масте нека ми ја донесет аискина". Радос во три дни си дојдох дома. Тога доиде со мене Стамат, и Огнен и Кузман Муше от Крушово и Бајрам варварица от Дебор на Емиската. Пак мие Скеле му го дадох на Јанове Гогове 900 гроша. И тога казадисах 1500 гроша и офците бодијава, ала бериќат рси.



1814 година. На та паха ја земах пет години едно подруго. Тога доидое карашици со мене Силјан наш, Куно Џогугула, Секо, Ристо от Могорче. На Дабзоан имах Власи Михаил и Пароша. Јано Гого пак му го дадох Скеле 750 гроша. И ога зедох 1500 гроша и офците. Ала бериќат рси.



1815 година. Тога имах карашипи со мене Стамат и Огнен, и Михаил, и Париш, и Косто и Тего. На Скелската имах Костурци. Дабзоан го немах тога. Бее Торбеши. И тога му го дадох Скеле Јанове Гогове 750 гроша. И тога казадисах 1500 гроша. ...



... 1820 година. Отуве чух дури есента на стригот. Остригох и делих. Бев тога во Маскаревец. Веќе не се доидох дома, тога јахнах конот, поидов дури во Бер. У агата се видох: "Како ќа речеш. да е аирлија, сполаи Богу. Оли си ја дал со паха", ама срцево црно за неа. Пак појдох во Лубаново. Зедох Дабзоан 300 гроша. Есента доиде Силјан со мене и Рустем Амиш. Ама и тога седох Свиница, 250 гроша кладох Костурци. И тога казадисах 500 гроша. Тога ја имах и Вештица, берска кешла, земена 750 гроша. Го пустих Сула Муча от Рабодишта. Му ја продадох за 1000 гоша. И парите немаше есента да и дадет. И остави со фаиде. Се сторие 1100 гроша. От Сула казадисх 350 гроша. Пак тога зедох Дабзоан на таја паха, и Селската кешла и Лулуското. И пак Вештица. Си дојдохме дома Пролета. ...



... 1823 година. И Господ и Пресветаја Богородица, и Свети Јоан, Свети великомученик Ѓорѓија, и Свети великомученик Димитрија и сите свети угодници Христови, да им имаме милоста, да ве чувае от секоја зла и напасти, амин. И да се молите непрестано со страх Господу и да гледате сиромаси мошне, да и најадувате гладни и да одите смирни, а не горделиви. Ако слишате заповеди мои, не мои токо Господови, никога не паднувате, ни се устрамувате. И да би се не устрамиле. Амин. ... ите вие синови и мнкови ... Дамјане и Никола ... Ѓурчин татко ... ако слушате Господа и мене, да не чините гордос фодулок, не со руба и со пусат, токо со серце; а руба да носите, синко серма и пусат от сребро и кони да јаате со седла убави. Тоа не е фодулок. Тако да имате на Господ надеж и страх. Да гледате сиромаси и со карашици да се лубите. Тога никои не може ништо да ви стори. И мене многу ме залубувале и Турци и Рисјани; ама со име Господово сите су и усрамил.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post