МИТРЕ ЈОСИФОСКИ ГИНОСКИ

МИТРЕ ЈОСИФОСКИ ГИНОСКИ
(1868-1952)
Роден е во Лазорополе во 1868 година. Во МРО бил вклучен од 1897 година, како борец во четата на лазороскиот војвода Павле Караасаноски. По убиството на Павле се придружил на четата на војводата Димитар Ормански, од селото Тресонче, во која што останал сé до нејзиното расформирање во 1905 година. Во првите години на 20 век, тој заедно со Ѓорѓи Јосифоски, Коста поп Теофилов Попоски, Диме Ажиески и Исаија Велов Палчески се наоѓале во револуционерното раководно тело на селото, кое одржувало врски со македонската револуционерна орагнизација.
За време на Втората светска војна одржувал врски со партизанаската единица на Лопоушник. Во својата куќа имал направено скривница во која што лечел ранети партизани на истиот начин како што тоа се правело во време на илинденската епопеа. По вториот напад на балистите во Лазарополе, од како населението заминува (се иселува во Охрид, Струга и Битола пред се) од селото, Митре Јосифоски Гиноски останува во Лазарополе и продолжува да ги снабдува партизаните стационирани во близината на Лазарополе.
По ослободувањето македонската држава му се одолжила со тоа што му доделува заслужна боречка пензија, за неговото учество во илинденската епопеја и НОБ 1941 и 1944 година.

изработил Слободан Шошкоски

Литература:

¨ Петар Поповски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски, Штип, 1997
¨ Д-р Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел, ИНИ, Скопје, 1970, 337/338

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post