Св. Архангел Михаил
Овој параклис посветен на Светиот архистратег Архангел Михаил се наоѓа во месноста Богчедол („Долина на божјите чеда“), која што всушност е дел од самото село Лазорополе. Ктитор на овој параклис е г-нот Данило Смилески кој е и дологодишниот помагател на главниот црковен храм во селото Св. Ѓорѓија.
Оваа црквичка е од понов датум. Осветена е на 26 јули 2005 година (на денот на Светите Никодим Елбасански, руската рамноапостолна кнегиња Олга и Светата великомаченичка Ефимија), а со чинот на нејзиното осветување раководел архимандритот Партениј со дел од братството на манастирот Свети Јован Бигорски. Непосреден повод за нејзината градба е ненадејната смрт на момчето Игор, внук на ктиторот.
Овој параклис има убаво уреден двор и претставува вистинско задоволство да се посети и да се почине малку покрај него. Особено е убаво да се посети во вечерните прошетки низ селото, бидејќи е блиску.