ПЕТРЕ ПУШКОСКИ - ПУШКА
Војвода од Лазорополе, во предилинденскиот период. За жал, засега годината на неговото раѓање, како и потеклото на неговата семејна лоза, имињата на неговите родители, па дури и годината на неговото починување за нас остануваат непознати.
Се знае дека неговата чета во одредени моменти броела и до 72 борци. На чинот на формирањето на четата присуствувале покрај селските првенци и свештеници, уште и аџи Теофил Аврамов Жунгулоски, Димо Ажиески и војводата Ташко Цветков од с.Сушица. Активноста на четата била тесно координирана со црковно-просветното движење кое постоело во тој крај, чија што главна цел била возобновување на Охридската архиепископија и употреба на македонскиот јазик.
По убиството на архумандритот Теофил на Илинден 1884 година, тој заедно во содејство со војводите Ташко Цветков и Пешо Радев Пашата, најпрво ги ликвидирале неговите убијци Сул Кроса, Зини Шабан и Ајредин Баула, заедно со нивните помошници Мусли Марке и Тул Пали; а откако разбрале дека грчкиот владика Антим на 7 јули 1885 година, заедно со сите грчки свештеници и со најменото обезбедување конечно го напуштил Дебар, го пречекале кај с.Луково, Струшко и тука од стотина пушки биле ликвидирани сите заедно, исполнувајќи ја на тој начин желбата на сето население од тој крај.
Литература:
Петар Поповски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски, Штип, 1997