1. Причини и подготовки

селска црква Свети Ѓорѓија во Лазорополе (1)

текстот е базиран на книгите од почитуваниот г-дин Блаже Смилевски,
„Срцепис за Лазарополе“, издание на Македноска ризница, Куманово, 1995 година
„Црквата Св Ѓорѓија во Лазарополе“, издание на Македонска ризница, Куманово, 1997 година


Причини и подготовки
Поривот за изградба на нова селска црква се поклопува со периодот на културната преродба која што ги зафатила Мијаците, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век. Оваа преродба се карактеризирала со зголемувањето на отпорот, кој што ова население од секогаш го искажувал кон туѓинското црковно влијание коешто зрачело од грчката патријаршија. Таа се обидувала да го наметне своето влијание како преку својот црковен клер, кој што имал за цел да изврши елинизирање на дотогаш исклучиво старословенската проповед по црквите, така и преку врбување на одредени деца од повидните фамилии, кои ги испраќала на школување во грчките училишта, а кои што повторно како крајна цел ја имале елинизацијата на населението.
Мијачките првенци навреме ја увиделе погубната политика на грчката патријаршија, која доколку не се спречела, ќе го повела сето население кон едно духовно и културно ропство, асимилација и одродување. Во овој контекст треба да се гледа и обновата на црквата во манастирот Св. Јован Бигорски, која кон крајот на 18 век била извршена со финансиска поддршка на богатите мијачки ќeаjи.
Уште еден фактор влијаел за тоа да почне да се размислува за изградба на нова селска црква во Лазорополе, а тоа било видното зголемување на населението, кое настанало не само од природниот прираст, туку и со доселувањето на неколку значајни родови во половината на 18 век. Старата селска црквичка не можела повеќе да ги задоволи зголемените потреби на Лазоровци. Таа се наоѓала на истото место на сегашната црква Св. Ѓорѓија, на Оралишче. Всушност, според кажувањето на старите лазоровци, таа при градбата на новата селска црква многу складно била вкомпонирана во новата градба.
Во 1807 година, за селски главатар бил избран Ѓурчин Кокале, познатиот мијачки првенец и богаташ, човекот-звездалија, кој веднаш ја увидел потребата од изградба на нова црква. За ова ни зборува и посетата што тој ја направил на Зографскиот манастир на Света Гора во истата 1807 година, кога и бил избран за селски главатар. Таму тој се сретнал со својот соселанец, тогаш уште јеромонах, Анатолиј Зографски, со кого што се советувал за изградба на нова селска црква. Но, приликите во тогашното Османлиско царство биле такви, што се налагало добивање на ферман лично од султанот, со кој што се давало дозвола за градење на нова црква. Бидејќи таков ферман во овој период не можеле да обезбедат, реализацијата на оваа идеја ја оставиле за подоцна.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post