ЛАЗАРОПОЛЕ, ГЛАВИНО СЕЛО, НО И ЕДНИ ПОДЗАБОРАВЕНИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ – ЈАОРСКА ВОДА

ЛАЗАРОПОЛЕ, ГЛАВИНО СЕЛО, НО И ЕДНИ ПОДЗАБОРАВЕНИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ – ЈАОРСКА ВОДА
Лазарополе во минатото преставуваше (се до 60 години од XX век) втора по големина малореканско село. Се наоѓа, како што велеле постарите, (на коњ) на 5 часа од Дебар, и на надморска височина од 1350 метри.
Селото Лазаропле во најстарите документи (се мисли на турските пописни дефтери) каде што за прв пат среќаваме пишани информации за селата од малореканскиот дел на Река не го среќаваме. Во најстарите документи ги среќаваме селата Тресонче, Сушица и Галичник, но на многу по различна локација од денешната. За Селото Тресонче (моето мислење за неговата стара локација за многумина ќе биде спорно) утврдена е првичната локација и се знае дека се наоѓало токму во подножјето на Брзовец, што е слична но не е иста локација како денешната. Селото Галичник се верува дека настанало од некогашното Старо Село кое што се наоѓало помеѓу денешните села Галичник и Сушица. Истото стојалиште се употребува и за настанокот на селото Сушица – се смета дека и тоа настанало од некогашната населба Старо Село. Населбата Старо Село се наоѓала, за несреќа, на патот кој во тоа време минувал преку Бистра и ги поврзувал Гостивар (Горни Полог), Дебар (Раовник или Раховник) и Коџаџик (Свети Град). Старо Село е уништено по претпоставка во истиот период како и селото Главино Село, во периодот од 1460 до 1467/8 година.
Јасно е дека Лазарополе во овие документи, пред се турски пописни дефтери, не го среќаваме, во поглед на денешната негова локација како што ја знаеме. Од дефтерите не може да се даде заклучок дека село со такво име тогаш и на тоа место постоело – но само според дефтерите не постоела населба со “име Лазарополе”, што е вистина. Поради тоа, поради дефтерите (напомена не се служам со кодиката од манастирот Слепче), некои почитувани учени луѓе заклучиле дека Лазарополе е “младо-ново село”, наспроти заклучокот кој што го добиле за горе споменативе села-населби врз основа на дефтерите дека тие се СТАРИ СЕЛА, со што нивната основа и пред се КОНТИНУИТЕТ (на локација и постојано живеење) преку епитето стари неправедно го задржуваат, повторувам, цитирајќи само пишани извори - дефтери и врз основа на нивната локација-близина со старите наслеби.
Ако ги погледнеме дефтерите и се држиме само до нив и до одалеченоста на старите населби со Лазарополе ќе видиме непрекинат континуитет (Главино Село и Лопушник; третото село-населба кое што може да се земе како една основа-како дел од континуитет, јас го земам со резерва и затоа не го споменувам). Ако гледаме реално врз основа на местоположба и пред се близина Главино Село не е ни повеќе ни помалку подалеку или поблизу од Лазарополе во истиот однос како што се некогашните насеби кои погоре ги споменав, под Брзовец и помеѓу Галичник и Сушица. Но тие села-денешниве населби се имааат закитено со називот стари села (пред е Тресонче), поради тоа што се во близина до нивните некогашни локации-населби и што е најважно се споменуваат (не со своите денешни имиња) во дефтерите.
Прашањето е, односно, спорното е во тоа што континуитетот на овие три села се признава, а континуитетот на Лазарополе е на некој начин оспорен. Но ова е лесно соборливо.
Ако се држиме само до методот некогашна-стара локација и најважното дефтерите тогаш континуитетот на Лазарополе е исто така наназат (од кодиката на манатрирот во Слепче) и е сосема ист со горе споменативе населби-ако не и постар од нив. Го имаме Главино Село за Лазарополе (населбата-дервенот Лопушник не ја споменувам) исто како Старо Село за Галичник и Сушица. Одалеченоста на стариве населби од денешниве села е приплижно иста. Дефтерите ги имаме, пишуваат за старите населби што не е спорно. Спорното е во тоа што треба да се знае дека гледано преку овој метод (досега не го познавав поради тоа што не ни пости, населба-далечина-дефтери) и Лазарополе треба да се закити со називот СТАРА НАСЕЛБА. Односно, Лазарополе својот континуитет како стара населба го влече преку Главино Село (+ Лопушник) КОЕ ШТО Е САМО НА НЕПОЛН ЧАС ОД ДЕНЕШНАТА ЛОКАЦИЈА НА ЛАЗАРОПОЛЕ и ГО СРЕЌАВАМЕ ВО ПОПИСНИТЕ ТУРСКИ ДЕФТЕРИ ОД 1467 година ПРЕКУ СПОМЕНУВАЊЕТО НА ГЛАВИНО СЕЛО (истата годна е споменато и селото Лопушник). Методот на докажување на староста на населбите од малереканскиот крај на Река значи може да се примени и за Лазарополе, не ралзикувајќи се во ништо од начинот по кој е утврден континуитетот и староста (епитетот СТАРО/А населба) на Тресонче, Сушица и Галичник.
Сега доаѓаме до еден факт кој јас си го нареков “РЕАЛНОСТА ЈАОРСКА ВОДА”. Преку оваа “реалност” сето горе споменато уште еднаш ќе се обидам да го “разјаснам”, односно методот за утврдување на староста и континуитетот на една населба, кој што метод за првпат го сретнав во една книга од еден автор кој што подолу ќе го цитиирам (подвлекувам книгата за мене е прекрасно историско дело за малореканскиот предел, но самиот почеток во кој се зборува за старост-континуитет на малореканските населби е спорен).
Ќе речете угорнина е од Главино до Лазарополе. Во право сте. Но да ја намалиме таа реална угорнина. Но како?
Почитуваниот професор Глигор Тодоровски во својата книга (прекрасно дело за историјата на малореканскиот предел) “Малореканскиот предел”, издадена во Скопје 1970 година, на страна 15 пишува: “… СЕЛОТО ЛАЗАРОПОЛЕ ЗА РАЗЛИКА ОД ГОРЕ СПОМЕНАТИВЕ СЕЛА Е ПОМЛАДО СЕЛО.”. Ова тврдење е добиено само од турските пописни дефтери, патем избегнувајќи дефтерите да ги спорди со старите локации на населбите во однос на Лазарополе, но ненамерно изгледа локациите на старите наслеби и дефтерите кои се однесуваат за континуитетот на Тресонче, Сушица и Галичник се дадени заедно при што се влече заклучок дека овие населби се најстари во однос на Лазарополе и неговиот континуитет, и добиваат епитет на СТАРИ НАСЕЛБИ ВО ОДНОС НА ПОМЛАДАТА НАСЕЛБА ЛАЗАРОПОЛЕ.
Но за да биде уште по нејасно почитуваниот професор на страна 22 и 23 се служи со документирани археолошки наоди-факти, кои давааат резултат цитирам: “Д-р БЛАГА АЛЕКСОВА, ПРОУЧУВАЈЌИ ГИ ОВИЕ НАОДИ ДОЈДЕ ДО ЗАКЛУЧОК... ДАТИРААТ ОД IX – XII ВЕК...” (стр.23). Санува збор за археолошките наоди пронајдени во близина (нема ниту половина час пеш до месноста) на Лазарополе, во месноста вика Јаорска Вода. Во 1952 година од Скопје е повикана арехеолошка екипа да провери што тоа на Лазоровци им се попречило во мотиките (мотика и Лазоровец!?) при копањето на лозовите насади во оваа месност. Застојот на макотрпната работа била предизвикана од следово, кое што почитуваниот професор не намерно го избегнува и што е најважно не го споредува со пописните турски дефтери, кодиките... за да дојде до едно прекрасно и големо сознание за еден длабок континуитет за она што се вика минато и старост на Лазарополе: ВО 1952 година, ВО МЕСНОСТА НАРЕЧЕНА ЈОРСКА ВОДА, ЗАПАДНО ОД ЛАЗАРОПОЛЕ, СЕ ОТКОПАНИ 60-на ГРОБОВИ КОИ БИЛЕ ГРИЖЛИВО ОГРАДЕНИ И ПОКРИЕНИ СО КАМЕЊА. САМАТА МЕСНОСТ, КАДЕ ШТО СЕ ОТКОПАНИ ОВИЕ ГРОБОВИ, СЕ НАОЃА ВО ПОДНОЖЈЕТО НА БИСТРА И ДОМИНИРА ВО ВО КРАЈ. ОТКОПАНИТЕ ГРОБОВИ ВО 1952 година ПРЕСТАВУВААТ ЕДИНСТВЕНИ АРХЕОЛОШКИ УКАЖУВАЊА ДЕКА ВО ОВИЕ ПЛАНИНСКИ КРАЕВИ ТРЕБА ДА СЕ БААРАТ ОСТАТОЦИ ОД ДАЛЕЧНОТО МИНАТО. ИЗНАЈДЕНИТЕ ГРОБОВИ СЕ ОД ХАЛШТЕТСКИОТ ПЕРИОД КАКО И ОД СЛОВЕНСКИОТ ПЕРИОД. Д-р БЛАГА АЛЕКСОВА, ПРОУЧУВАЈЌИ ГИ ОВИЕ ГРОБНИ НАОДИ ДОЈДЕ ДО ЗАКЛУЧОК ДЕКА ТИЕ СЕ СЛИЧНИ СО НАЈДЕНИТЕ ГРОБОВИ ВО ДЕМИР КАПИЈА. ОВА УКАЗУВА, СПОРЕД БЛАГА АЛЕКСОВА, ДЕКА И ГРОБОВИТЕ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАТИРААТ ОД IX до XII ВЕК, ЗЕМАЈЌИ ГИ ВО ПРЕДВИД САМИТЕ ГРОБОВИ, КЕРАМИКАТА ПРОНАЈДЕНА ВО НИВ ДЕКА НА ОВА МЕСТО ПОСТОЕЛА СЛОВЕНСКА НАСЕЛБА, ВО ЧИЈА ШТО БЛИЗИНА СЕ НАОЃАЛА И САМАТА НАСЕЛБА.
Нејасно е зашто Лазарополе и покрај тоа што пред професорот стоеле овие наоди кои што ги цитира понатаму во текстот твдри дека Лазарополе е млада населба. Ако се работи за немање на доволно аргументи кои што би го потврдиле континуитетот на живеење во Лазарополе од периодот на IX-XII век до 1467 и се до кодиката на манастирот во Слепче тогаш сме во голема заблуда, не е реално немањето на аргументи да се сведува само врз величење на пишаните извори, а материјалните (археолошките наоди) извори да ги тргаме на страна и да влечеме заклучоци за млада населба без континуитет, а реалноста е сосема поинаква. Реалноста е дека Лазарополе има континуитет, кој што континуитет не е во целост пркинат драстично, како што е случајот со некои позначајни и поголеми населби во Македонија (над 70% од локалитетите -позначајни и помали - во нашата држава го задржале својот историски континуитет). Ставањето настрана на материјалните извори кои што сведочат дека овде постол активен живот, еве да не претерам 200 до 300 години пред оние со дефтерите да се појавата на историската сцена, е не реално читање-тумачење на историските факти, намерно или не намерно не навлегувам во тоа. Што се однесува до староста-континуитетот на Лазарополе во однос на староста-континуитетот на селата Тресонче, Сушица и Галичник па и во однос на другите малорекански и рекански села едноставно е сосема голема. Животот во Лазарополе, со сосема мали прекини се одвивал 300 години -според изворите- пред да сретнеме било каков извор-аргумент кој ќе посочи на овие села. Си земам слобода сето ова вака да го напишам и преставам бидејќи зад континуитетот на Лазарополе, зад неговата старост, стојат силни историски факти во однос на пишани извори и пред се материјални АРХЕОЛОШКИ документирани факти. Кога за минатотот и на другите малорекански и рекански села би стоеле вакви историски факти јас би бил многу задоволен, пред се во смисла на материјални факти, бидејќи “реалноста од Јаорска Вода” е едниствената археолошка реалност-факт која потекнува од малореканскиот предл (не земајќи го од минатото аматерскиот археолошки обид на еден Галичанец во Старо Село). Зарем не сте се запрашале дали во селата или во близина на денешниве локации на малореканскиве села пред да се појават оние со дефтерите живееле луѓе; како живееле тие луѓе; какви се нивните гробви; какова градба била нивната црква нивниот дом; како биле уништени-пожар или чима?!... Кога би се појавиле такви нешта, такви наоди зарем нема да биде прекрасно писшаните извори од било каква провиненција да ги збогатиме, потврдиме и додадеме, оствариме нова реалност и знаење или пак да ги потврдиме прекрасните легенди кои што ни ги раслажувале старите. 
Или да го потврдиме најзначајното, да се појави некој нов историски извор со кој би го симнал континуитетот на најдлабоката старост, за најстара населба во малореканскиот крај, на Лазарополе, од некоја друга малореканска населба.

Текстот е на Мојсо Поповски

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post