БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЧКОТО ЗНАМЕ

БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЧКОТО ЗНАМЕ

Интегрален текст на д-р Снежана Филипова, објавен во списанието „Македонски Хералд“, година 1, број 1, мај 2005, Скопје

Секоја организирана социјална заедница има свои инсигнии: тотеми, знамиња, бајраци. Знамето или бајракот е еднобојно или повеќебојно парче ткаенина украсено со везени или аплицирани знаци (иницијали, фигури, амблеми) секогаш поставено на високо место, прицврстено за стап или јарбол. Освен што е војнички знак, воедно е и знак на заповед, односно амблем на самиот водач. Треба да се има во предвид и универзалната симболика на неговото виорење под дејство на ветрот, што се поврзува со елементот воздух, односно со движењето и со фазите на дишењето(1).
Античките народи во Европа и Азија употребувале разни врсти на војнички знаци и симболи за меѓусебно разликување. Сепак, денешните знамиња својата форма им ја должат на воените знамиња на римските цареви наречени vexillatum/a. Знамето кое го употребил Константин Велики во борбата против Максенциј е наречено лабарум (лат. labarum; грчки λαβαρον) што претставувало бајрак закачен на копје. На дното виселе реси, од страната две црвени ленти, а на него натписот SPQR (Senatus populusque romanus - Сенатот и народот римски) или ознаката и името на легијата која го носи. Константин Велики во средината го поставил Христовиот монограм, што се објаснува со традицијата дека на сон пред споменатата битка му се појавил овој знак и чул глас In hoc signo vinces - во овој знак ќе победиш(2).
После Константин, лабарумот почнал широко да го применува Црквата. Од неа пак, го превзела војската, која од 11 век почнала да применува хералдички и алегориски знаци. Нивната форма варира, во зависност од формацијата и чинот на старешината како и од ситуацијата во која се употребува. Со воведувањето на турнирите од страна на императорот Фридрих Барбароса во 12 век во Германија и со појавата на т.н. војнички монашки редови се зголемува и репертоарот на знамиња, кои почнуваат да добиваат и лични обележја на старешините, ознаки на нивниот витешки ред, нивни логоа, мотоа, беџови, посвети. Така освен четвртести и триаголни знамиња(3), имаме и четвртина од круг (норманските закачени на јарбол)(4). По долговековната употреба на разнообразни знамиња врзани со различните воени редови и чинови, од 19 век военото знаме се изедначува со државното(5).

Македонски знамиња
Кај нас се познати/зачувани само најдоцните бајраци кои се употребувале во востанијата против турската власт. Од турски извори е познато дека овчарот Тане од с. Чаирли, Битолско како бунтовник бил и бајрактар на „арамиите“. За жал, не ни е зачувано ни Карпошовото знаме од 1689 година, кое турските извори го нарекуваат злосреќно(6), кое сигурно со неговото прогласување за крал добил и пошироко значење од воено знаме.
Затоа го имаме Разловечкото знаме од 1876 година темно син лав со црвено-златна богата гривна и една црвено-златна нога, со бели детали на главата и исплазен долг јазик и многу долга опашка која со туфката доаѓа над главата на животното, везен на жолта позадина, аплициран врз црвено платно, кое било употребувано и при Кресненското востание по 2 години. Иконографски лавот не е инспириран од грбовите на Македонија и Бугарија од Стематографијата на Жефарович, па останува да се најде типологијата која е необична и според гривната и според двобојноста на фигурата (7)
Секоја чета од различните краеви на Македонија која учествувала во Илинденското востание во 1903 година имала свое знаме – на пример Охридското имало симболична претстава на девојка во бел фустан која вее знаме и иста таков лав како на кресненското знаме, до неа, само помал и исправен на две нозе (или само лав, и двете на црвена позадина како она на Крушевската чета, како и факел кој го држат две раце, вметнати во ловорови гранки и т.н.). И здруженија на македонската дијаспора во странство имаат интересни знамиња (на пр. книжевното друштво во Петроград, Русија од 19 век, има доминантен бел еднорог на црвена позадина, изложено во Музеј на Македонија).
На некои средновековни словенски икони на светци војници, ти е јаваат носејќи мали бајраци.(8)
Мијаците се Македонци, кои се развивале како посебно племе, што се заклучува од нивниот говор, обичаи, носија, архитектура, географски предели кои ги населувале. Оние, чии села биле во близината на реката Радика, во изворите се нарекуваат „Рекалии“. Соработувале и со српскиот водач против турската окупација Караѓорѓе. Лазар Арсенијевиќ - Баталака ги опишува како луѓе со војнички дух, кои и кога се дома на вилаетот не им даваат на Турците лесно да ги гмечат...„ а за своите заслуги освен чинови и благородства, биле осигурани со пензии од Австрискиот двор...“(9) Своите старешини ги нарекувале главари или главатари.(10)
Мијачкото знаме
Особено е интересно мијачкото знаме, кое се смета за многу старо. Претставените животни во аглите, на една верзија од ова знаме имаат долга традиција и често се употребуваат во хералдиката, а и четвртиот знак - полумесечина и ѕвезда се среќава уште на месопотамските камени меѓници и стели.(11)
По 64 години Георги Трајчев го пренесува тврдењето на полковник Стаматов дека знамето со лав по паѓањето на Бугарија под турско владеење во 1395 година е зачувано во дебарскиот крај.(12) Исто такво знаме се употребува во реканскиот крај кај Мијаците, објаснува Трајчев. И го опишува вака: на бело платно од копрена или друг материјал, долго околу еден метар кое служи како главно поле, во средината е претставен крст со круг на пресекот на краците, а во празниот простор меѓу краците е испишано со познатите кратенки името на Исус Христос ИС ХС и НИКА (Победа). Во четирите агли стојат мали фигури на лав, двоглав орел без крила, змеј и полумесечина со ѕвезда над него. Рабовите се обрабени со црвени триаголници кои ги гледаме и на прстенот со кој е обвиен средишниот крст. Интересна е претставата на орелот, на чие тело гледаме штит со крст и четири букви, веројатно кратенките ИС ХС.
Од мијачкото село Тресонче(13) е зачувано знаме кое го поседува фамилијата Пандиловци, денес жители на Скопје, за кое сопствениците велат дека е старо повеќе од 200 години и е многу слично на она објавено кај Трајчев, само ѕвездата е поставена вон краците на месечината, а двоглавиот орел нема крст врз телото. Долго е 1,30, а широко 0,70 метри. Изработено е од бело платно, а претставените орнаменти се работени како апликации со црвена боја. Во празните полиња околу крстот се впишани буквите ИС ХР (а не С, како она објавена кај Смиљаниќ) и НИ КА. Некои знамиња може наместо овие животни да содржат куче како замена за лавот и коњаници со целосна опрема.(14)
Томо Смиљаниќ - Брадина по потекло Тресончанец, во својата книга од 1925 година, го опишал знамето-бајракот како црвено бело син крстест бајрак, со крст на врвот од копјето.(15) Тој дообјаснува дека Мијаците прават разлика меѓу знаме и бајрак, првиот термин за нив го претставува знамето на државата, а бајракот е само нивно знаме. Значајна информација што ја наведува, а која индиректно зборува и за староста на знамето е дека Мијаците официјално општеле со Султанот уште од 1521 година, според ферманот што го чува тресонечката фамилија Брадиновци, од која потекнува и авторот. Како привилегија што им помогнале на Турците во војната со Австрија, на Мијаците им биле дадени права да носат оружје, да не плаќаат даноци, да го зачуваат своето знаме и т.н. Смиљаниќ наведува и еден интересен податок: својот бајрак Мијаците го чувале во најстарата населба што ја создале по доселувањето во денешна Македонија – Сушица, каде по Косовската битка се повлекол нивниот војвода.
(Во врска со ова тврдење на Смиљаниќ изразуваме комплетно несогласување, а за ваквиот негов став ќе го наведеме само податокот дека тој бил школуван во српски училишта и целосно бил потпаднат под српската пропагандистичка наука од тоа време – Слободан Шошкоски) Ова знаме по потреба го развивале, како на пример при Пиколоминиевиот поход во 1689 година.(16)
Во Музејот на Македонија во Скопје се чуваат две верзии на мијачки знамиња кои се означени како свадбарски. Едното има некои заеднички елементи со претходно опишаните, само разликата е што ги нема животните, а знакот на полумесечината и ѕвездата се повторува четирипати и тоа околу средишниот крст по дијагонала, алтерниран со исто толку големи четири црни крста, што зборува дека не се работи за знак на турската империја.Средишниот круг не го содржи четирикракиот крст, туку се состои од деветнаесет крака-перки во три бои, бела, црна и црвена.
Ова знаме има три триаголни издолжени завршници од слободната вертикална страна, а другите страни се обрабени по хоризонтала со една црна и една црвена лента, односно црна и бела околу дрвената дршка, која нема крст на врвот.
Особено е интересно другото изложено знаме кое нема ништо заедничко со трите опишани досега. Овде во центарот гледаме голем црвен круг формиран од црвени и посветло црвени брановидни ленти обрабен со бела лента и средишен помал круг со впишана мала четвртеста розета, која може да асоцира на лебче (свадбарско?). Во горни два агли гледаме човечка фигура се една испружена рака кон средишната полумесечина, претставена наопаку со краците надолу. Дали оваа композиција е поврзана со аналогните претстави на стеќците?(17) Долу под кругот се претставени лево и десно по две животни, веројатно куче или волк кој брка јагне. По вертикала знамето има две широки црвени ленти со бел крст во средината, а четвртата страна која се виорела завршува со пет триаголници, три црвени и два бели, а таа наспроти нив е темна широка лента. Според позата на човечките и животинските фигури, ова знаме (или можеби сепак прекривка), би требало да биде поставено со триаголниците надолу, инаку фигурите би се гледале од страна искривено. Можеби се поставувал над свадбениот колач?(18)
Бидејќи овие две знамиња особено се разликуваат од оние две опишани погоре, од кои барем едно е старо над 200 години, можеби овде имаме помлади варијанти или ова се само свадбарски варијанти работени во децениите по Втората светска војна, кога Мијачијата започнала да опустува, па повеќе не било толку важно да се употреби оригинално знаме, туку можеби почнале неови деривати од страна на оние фамилии кои дотогаш не го поседувале? Индикативно е и непостоењето на крстот на врвот на дршката.

Фусноти:

1.J.Chevalier, A.Gheerbrant, Rečnik simbola, Zagreb, 1987, 34-5
2.Leksikon ikonografije, liturgike i simbolike zapadnog hriščanstva, Zagreb, 1985, 372
3.Michel Pastoreau, Heraldry, New York, 1997, 71
4. J.Chevalier, A.Gheerbrant, Rečnik simbola
5.Opšta enciklopedija, tom 8, JLZ, 679
6.Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, 149 и 156
7.Христофер Жефарович, Стематография, факсимилно издание, София, 1986
8.На пример на иконата од 14 век на која се претставени Св. кнезови Борис и Глеб со едно црвено и едно сино знаме, од Третјаковска галерија во Москва. Според м-р Емил Алексиев, постои и една поствизантиска икона од нашата земја на која е претставен Христос кој држи знаме со хералдички грб. За жал, и по неколку обиди неуспеав да добијам подетални информации од авторот.
9Документи, 169
10.Томо Смиљаниќ, Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље, ГСНД, Скопје, 1925, 61
11.Библијски прирачник, Загреб, 1989, 436
12.Георги Траичев, Книга за Мияците, София, 1941, глава 16, 94-5
13.Селото се споменува за првпат во пишани извори во 1467 година. Според Православен храм Свети Петар и Павле, Скопје, 1995, 6
14.Според написот објавен во летописот, Тресонечки летопис, 1995, 14-15
15.Смиљаниќ, Мијаци...73
16.Смиљаниќ, Мијаци...73/74
17.проф. д-р Никос Чаусидис ги сумира неколкуте можни толкувања на човечка фигура со испружена рака или предимензионирана рака на стеќците, од кои во случајот со мијачкото знаме, може да се прифати само верзијата за поздрав кон покојните локални феудалци-војводи, толкување на А.Бенац, О.Б.Мерин пак смета дека се работи за обраќање кон вишите сили со магиско значење. Единствено збунува обратната поставеност на полумесечината. Види кај Чаусидис, Дуалистички слики, 335
18.Франсис Конт, Словени, Београд, 1989, 334

П О В И К

СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЛАЗОРОВЦИ И ПРИЈАТЕЛИ НА ЛАЗАРОПОЛЕ ДА ДОНИРААТ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА НА СЛЕДНАТА ЖИРО СМЕТКА ОДОБРЕНА ОД МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПОРАНЕШНИ ЖИТЕЛИ НА ЛАЗАРОПОЛЕ

ЖИРО СМЕТКА: 300000003337224
ДЕПОНЕНТ БАНКА: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

МЕСНА ЗАЕДНИЦА ЛАЗАРОПОЛЕ ВЕ ПОВИКУВА СИТЕ ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АКЦИЈАТА ЗА СТОПИРАЊЕ НА ПРОЕКТ ПЛАНОТ ВИКЕНД НАСЕЛБА

Поддржувачи
Совет на Месна Заедница Лазарополе
Здружение на поранешни жители на Лазарополе
Еколошко друштво на Лазарополе
Црковен одбор на Лазарополе
Лазороска младина

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

The Hard One Teskoto Gligor Smokvarski / Тешкото Глигор Смокварски

"Ој овчарче" - Прекрасна мијачка песна.

КРВ ЛАЗОРОВСКА

Благоја Грујовски - Концерт .

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

Истражи ја Македонија - Тресонче и Лазорополе

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Мијаци без гајлиња

Мијаци без гајлиња
ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

ЛАЗАРОПОЛЕ - АЛФА ТВ

ТВ Галерија - Анте Поповски, Живот и дело. (ТВ ОРБИС - Битола)

„Живот„ посветена на Анте Поповски, на ТВ Алфа

Clip from Jadran Film 1948 production. This version of Teskoto is from the village of Lazaropolje

Povratesko,s. Lazaropole

lazaropole winter 2009

Naum Petreski -- Lazaropole tamu najgore

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ЈАНА ЈОВАНОВА

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ЈАНА ЈОВАНОВА
Во тек е продажна изложба на слики од Јана Јованова во KAFE LI. Изложбата ќе биде отворена до 05.мај.2015 година (ул.Анкарска бр 23, Скопје, секој ден од 08:00. до 00:00 часот). Изложени се дела од различни периоди од нејзиното творештво, работени во техниката масло на платно. Сите информации за сликите можете да ги добиете на телефон 075/92-28-30.

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

МИР БОЖЈИ ХРИСТОС СЕ РОДИ

МИР БОЖЈИ ХРИСТОС СЕ РОДИ
ВИСТИНА СЕ РОДИ

Blog Post

Popular Posts