Освен по музицирањето, познатата дебарско-мијачка група Мајовци се и едни од најдобрите изработувачи на зурли и тапани.
Mузичките тајфи кои музицираат на дебарските зурли и тапани се познати не само во нашава држава туку и пошироко во светот, но многу познати во Дебар се и мајсторите кои ги изработуваат зурлите и тапаните. Во Дебар има неколку познати мајстори кои ги изработуваат овие музички инструменти, а тоа се членовите на познатото дебарско семејство Мајовци.
Петрит Исаковс
ки е познат зурлаџија, но и еден од најдобрите изработувачи на дебарската зурла. Тој во својот дом има работилница во која со задоволство изработува зурли.
Петрит Исаковс

Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки.
„Дебарската зурла се изработува од дрво - дива цреша. Дрвото треба да отседне повеќе од една година, а потоа тоа дрво се буши и се бара соодветниот звук. Следи дупчење на дупките и изработката на славецот кој се изработува од зеленика и шимшир. Потоа се прави писката. Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки“, објаснува 43-годишниот член на семејств
ото Мајовци.
Зурлите што тој ги изработува, денес покрај другото ги има и во многу домови во повеќе градови од земјава, кои се чуваат како сувенири.
Мемет Бајрами има 52 години и е внук на семејството Мајовци. Тој е најдобар изработувач на тапани. Над 20 години изработува тапани со познатите карактеристики на дебарско-мијачкиот регион.
„Каснакот од тапанот се изработува од костен или, пак, од ореово дрво. Карактеристично е тоа што дрвото, по направениот избор, се поставува во ѓубре од лисја и таму стои до два месеца. Потоа започува процесот на виење на каснакот, за да добие еластицитет и боја. Следи изработката на обрачот, кој се прави од дрво леска. Кожата на тапанот е од коза или, пак, од младо теле. Пречникот на дебарскиот тапан е 62 сантиметри“, објаснува Мемет.
Петрит и Мемет изработуваат зурли и тапани и за многу други музички тајфи од дебарскиот регион. И двајцата овој занает го имаат научено од нивните родители, кои исто така беа познати музичари и изработувачи на народни инструменти. Опстанокот на нивните семејства, Петрит и Мемет го обезбедуваат како од свирење на свадби и други манифестации, така и од заработката од продажбата на изработените зурли и тапани.

МАЈОВЦИ; MAJOVCI
- "Тешкото" код за збогување и за векување
- MAJOVCI - МАЈОВЦИ
- TOPAN (TAPAN) AND ZURLA
- ЛАЗАРОПОЛЕ МАЈОВЦИ ИЛИНДЕН 2009
- МАЈОВЦИ - ЗОРАТА СЕ ЗАЗОРИ (СТАНИ СТАНИ МАКСИМЕ); КАНЕЊЕ НА МРТВИТЕ
- МАЈОВЦИ ЛАЗАРОПОЛЕ - ИДЕЊЕ НА ТОПАНИТЕ И СВЕКРВИНОТО
- Мајовци познати изработувачи на зурли и тапани
- ТЕШКОТО
- ТЕШКОТО МАЈОВЦИ ИЛИНДЕН ЛАЗАРОПОЛЕ 2011
- ТЕШКОТО МАЈОВЦИ ЛАЗАРОПОЛЕ1948
- ТЕШКОТО НА БАНКНОТАТА ОД 10000 ДЕНАРИ
- Тешкото, неговите корени, рожбата
ТЕШКОТО ВО ИЗВЕДБА НА МАЈОВЦИ mp3
Тешкото во изведба на МајовциМАЈОВЦИ mp3 / MAJOVCI mp3 / Traditional Macedonian songs and dances with 2 drums & 2 pipes (zurla)
ТешкотоМанукот-зетовското
Тргна моме на вода