Соколe Јосифоски еден од легендите на
македонското информативно снимателство почина на 07.IX.2012 година во Скопје. Соколе е еден од
ретките сниматели кој целиот свој работен век и го посвети на камерата и
на Македонската Телевизија.
Како снимател во информативната
редакција на МТВ животот го мина со новинари известувајќи за најголемите
и најважните настани за Македонија и светот. Со неговата камера ги
забележа и пренесе на јавноста најзначајните моменти од нашата историја.
Голем пријател, професионалец, вечен
лојалист на македонската телевизија човек со големо срце. Наградуван за
својата работа. Почитуван од колегите и новинарите. Го пропатува светот
со својата камера, до последно доследен на својата работа. Пример за помладите колеги кои ги водеше.