- Она по што било препознатливо „Тешкото“ во минатото и денес преку неговото сценско адаптирање се бавните, синхронизирани движења на учесниците, следени од музичарите, кои со својата автентичност го задржуваат вниманието на гледачите. Движењата имаат постепена градација, и во сценскиот и во музички дел, и на крајот кулминираат со забрзување, со што се постигнува голем емотивен набој и кај самите игроорци, но и кај музичарите - посочува м-р Горанчо Ангелов, етномузиколог и инструменталист на народни музички инструменти. За Милан Зафков, музичар и раководител на оркестарот на ансамблот „Танец“, „Тешкото“ е еден од најзначајните симболи на македонскиот фолклор. - Кога со „Танец“ на гостувањата се игра „Тешкото“, секаде има флуид со публиката. И јас понекогаш чувствувам морници, па дури и за неколку секунди сум останувал без здив и сум престанувал да свирам, обземен од целата таа атмосфера. Мислам дека ова оро, навистина, треба да биде заштитено и да продолжи да ја раскажува приказнат
а за Македонија во светот - вели Зафков.
МАКЕДОНСКИ БРЕНД Нашиот познат музичар и еден од најдобрите тапанари на Балканот, Гарабет Тавитјан-Гаро, за „Тешкото“ вели: - Оригиналните ритми на „Тешкото“ се изблици на нашиот вековен непокор. За мене, како инструменталист и музичар, „Тешкото“ е од голема важност, бидејќи првпат го отсвирев на фестивалот „Опатија“ во 1977 година, кога со „Леб и сол“ победивме со песната „Абер дојде Донке“. Јас го збогатив аранжманот токму со ритамот на „Тешкото“. Со музички термин тоа е рубато, нема музика, туку само еден ритам што расте до кулминација. Се мешаат 5/8 такт, со 7/8, 11/8, 4/4... Две зурли и два тапани можат да создадат звук како да е во прашање цел оркестар, а тоа со генерации наназад најубаво го прават познатите Мајовци. И благодарение на нив и на „Танец“, „Тешкото“ стана вистински македонски бренд - рече Гаро. Доказ за тоа е сеприсутноста на „Тешкото“ во нашата култура, па и во нашето современо живеење. И нашиот најголем поет Блаже Конески, инспириран од ова оро, ја напиша поемата „Тешкото“, за која во еден стих ќе каже: „И душата чиниш на родот мој мачен, во тешкото оро се уткала сета“. Скулптура со игроорци на „Тешкото“ се наоѓа во центарот на Скопје, а голем број сликари, скулптори и поети својата креа
тивност ја преточија во дела посветени на овој танц.
НЕ Е САМО ГАЛИЧКО Често може да се прочита дека „Тешкото“ е галичко оро, а тоа не е сосема точно, вели Марјан Андоновски, игроорец и пејач во „Танец“ и дипломиран етнокореолог. - Тоа е создадено во Мала Река, во западните македонски планински сточарски предели, во областа околу Дебар, Галичник, Лазарополе, Крушево, обрабена со планините Влаиница, Бистра, Стогово, каде што било населено старото словенско племе Мијаци. Можеме да претпоставуваме дека галичаните имаат најголем придонес во неговото уметничко збогатување, но не е точно дека тоа е нивно авторско оро, бидејќи се игра во сите околни села - вели Андоновски. Според него, „Тешкото“ е прототип на македонска игра, која се развила како процес. Ако сакаме да ја најдеме основата на ова оро, да ја упростиме неговата сложеност, ќе видиме дека и „Тешкото“ е тип на право, рамно оро. Но со тек на време народниот творец го надградувал и го усложнил, со што направил монументален плод и ретко остварливо дело и во многу поголеми светски култури од нашата. - Во првиот состав на игроорците со формирањето на ансамблот „Танец“ во 1949 година биле примени голем број игроорци од Лазарополе, со цел автентично да го изведуваат „Тешкото“. Ороводец бил легендарниот Рафе Жикоски од селото Лазарополе, а подоцна го наследил Дојчин Матевски, кој го водеше „Тешкото“ во „Танец“ сé до пензионирањето во 1973 година. Интересно е дека орото никогаш не можело да се одигра двапати на ист начин, а најчесто игроорците се придружувани од две зурли и два тапани - вели Андоновски.
МАЈОВЦИ Според многу усни преданија, создавањето на „Тешкото“ се поврзува со легендарните Мајовци, бидејќи нема никакви други податоци за постари свирачи на ова наше најпознато, највредно и најтешко оро. Денес нивните вистински наследници живеат во Дебар. Тие потекнуваат од Петрит-Перо Мајо од Гари. Негов син бил Мајо, прочуен зурлаџија што свирел заедно со уште двајца други музичари, кои за себе велеле дека по националност се Еѓупци. - Пред да почине, мојот прадедо Мајо му оставил аманет на својот син, мојот
дедо, да продолжи да свири и идните поколенија да ги разлеваат звуците на зурлата и на тапанот во западна Македонија. И мојот татко Рамче Мајо пред да си замине од овој свет ми рече: „Не оставај те ги селата глуви. Мијачијата нека ечи од нашите песни“ - вели зурлаџијата Перо Мајо. Неговиот син ја претставува петтата генерација на легендарните Мајовци.
НАРОДНА НОСИЈА
- ЛАЗОРОСКА - МИЈАЧКА НЕВЕСТИНСКА НОСИЈА
- ЛАЗОРОСКА - МИЈАЧКА МАШКА НОСИЈА
- ЛАЗАРОПОЛЕ ВО МИНАТОТО. НАРОДНА НОСИЈА. МИЈАЧКО НАРЕЛЈЕ
МАЈОВЦИ mp3 / MAJOVCI mp3 / Traditional Macedonian songs and dances with 2 drums & 2 pipes (zurla)
ТешкотоМанукот-зетовското
Тргна моме на вода
ТЕШКОТО ВО ИЗВЕДБА НА МАЈОВЦИ mp3
Тешкото во изведба на МајовциМАЈОВЦИ; MAJOVCI
- "Тешкото" код за збогување и за векување
- MAJOVCI - МАЈОВЦИ
- TOPAN (TAPAN) AND ZURLA
- ЛАЗАРОПОЛЕ МАЈОВЦИ ИЛИНДЕН 2009
- МАЈОВЦИ - ЗОРАТА СЕ ЗАЗОРИ (СТАНИ СТАНИ МАКСИМЕ); КАНЕЊЕ НА МРТВИТЕ
- МАЈОВЦИ ЛАЗАРОПОЛЕ - ИДЕЊЕ НА ТОПАНИТЕ И СВЕКРВИНОТО
- ТЕШКОТО
- ТЕШКОТО МАЈОВЦИ ИЛИНДЕН ЛАЗАРОПОЛЕ 2011
- ТЕШКОТО МАЈОВЦИ ЛАЗАРОПОЛЕ1948
- ТЕШКОТО НА БАНКНОТАТА ОД 10000 ДЕНАРИ