КАКО МУГРАТА ВО ЛАЗАРОПОЛЕ; песни-лирика за Лазарополе од Петар Гиневски

КАКО МУГРАТА ВО ЛАЗАРОПОЛЕ
песни-лирика од Петар Гиневски, Торонто Канада;
контакт: skopje@rogers.com

-----------------------------------
СВАДБИТЕ ВО ЛАЗАРОПОЛ

Ораџии како плева
Невестата китена, убава
Свадба голема

Сладок живот
Вдуша свежина
Ситно ситно сал се гази
Се ужива секој миг
Во срцето расте радост
Селаните збратимени
Насмеан е секој лик.


Топаните бијат
Се од грижи разбиваат
Зурли ечат небото го парат
Убавее сводот син
Всред село џумбус ори
Ѕинат ридови, ливади, гори
Мелодија локум блага
Гердан оро шир широко
Со свадбари сал се гради
Сите срца разиграни
Милина ги слади ...



-----------------------------------

КАКО МУГРИТЕ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ
(ПОСВЕТЕНА НА СОПРУГАТА ПЕРСА)

За ликот не ми зборувај
Мамец е на јадица
Низ времето – камелеон!


Ех, зборувам за таа – срцегомата
Длабока внатрешна убавина
Што не можеш да јавидиш на огледало...


За неа, ти, не ни размисливаш
Но јас ја чуствувам
Кога кон мене клони
Кога развива
Кога цвета... цути...
И чудесно воскреснува

За да потече во моите жили
Перфектно суптилнаБез бранови – фина, чиста


Отворен трендафил
како муграта во Лазарополе
во духот цутоцвет
суштествува
убавее твоето битие.


Сончевина, пролет е,
сон ли е – незнам!
Но знам дека е вистина
Впрочем, кај бистрите
Убавината не старее
Цел живот зрачи среќа
Растура радости, свежина
Низ животот спокој
Во душата мир.



Сето тоа е како бајка
Толку многу едноставно:
Од битие во битие
Убоста се сели во мислата
Па впловива во моето постоење
Најчесто низ чистотата на зборот
Но и од погледот, насмевката, говорот...

-----------------------------------

КАВАЛИТЕ НА БИСТРА

Кавалите
Камен вгради топат
Гласот им е сладок сон
На нив нема никој рамен
Ни сојката, ни славејот
Ни од билбил пој.


Само овчарот на Бистра
Маестро е – низ кавалот
Да извади магичен тон
При лаеж од кучиња
Блеење од стотици грла
Рудо бело стадо
На Бистра планина
Сонот е јаве
Воздухо шприцер
Срцето сонце весело.


Оди на Бистра
Слушни ги кавалите
Мелодија кадифен глас
Разлеваат во питомините
По рудини, гори, ливади
Низ билата, млаки, падини
Кај што лежи Лазарополе
Китно мијачко село
Гулапче мое мило
Кротко, чисто, бело


Ги слушав кавалите
Пред многу децении лета
И уште ги слушам
Во мнене свират
Дење и ноќе вдуша ми милат
Како искра над пламен
Сите невољи гинат
Кавалите на Бистра
Свират ли свират...

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post