МИХАЈЛО (МИШКО) СТАМАТОВ ПАЛЧЕСКИ
(18??-1914)
(18??-1914)
Живеел во втората половина на 19 век. Негов татко е Стамат Палчески (дедото). Тој е (барем засега) првиот познат Лазоровец кој се занимавал со медицински науки, уште во тоа време. Се школувал во грчки училишта, каде и го усвоил методот за добивање серум, кој потоа го употребувал за вакцинација на населението против големи сипаници (вариола вера). Тоа го правел на тој начин што со „мајата“ добиена од Грција, заразувал ждребе, кое потоа го чувал под негова строга контрола. Заболеното ждребе со красти по телото, го уништувал, а од крастите добивал серум, кој всушност преставувал вакцина. Со оваа вакцина, ги вакцинирал, а со тоа и заштитувал жителите од Мијачијата. Со ова тој всушност бил и првиот лекар-превентивец во нашите краишта. Набргу се прочул во поблиската околина, така што својата дејност морал да ја прошири и по брсјачките села. При една таква посета, тој бил пресретнат од арамии и убиен, бидејќи верувале дека кај него ќе најдат многу пари. Меѓутоа, во тоа потполност се излажале зошто Мишко, поголемиот дел од својата работа го извршувал бесплатно.
Негови наследници се: Стамат Михајловиќ Палчески (1880-1964), Виктора, Тина и Ѓорѓија.
Според заедничката надгробна плоча на семејството Палчески, тој починал во 1914 година, за жал годината на неговото раѓање не е запишана.
изработил Слободан Шошкоски
Извори:
¨ Блаже Смилевски, Тешкото од Лазорополе, Скопје, 2006
¨ Селските гробишта во Лазорополе