РИСТЕ ОГНЕНОВСКИ ПАТЕРОСКИ

РИСТЕ ОГНЕНОВСКИ ПАТЕРОСКИ (18??-1953)
Текстот е на Слободан Шошкоски. Роден е во Лазорополе, во познатиот род на Патеровци, но за жал засега точната година на неговото раѓање, како и имињата на неговите родители не ни се познати. Претпоставуваме дека првичното описменување го добил во селското училиште, како што било вообичаено за машките деца. Веднаш потоа, уште како младо момче бил испратен на печалба во Серес (Егејска Македонија, во денешна Грција) каде го изучил терзискиот занает.Во Серес, тој се поврзал со активистите на Внатрешната Организација (ВМРО) од Серскиот округ, кои го вовеле во идеологијата за националното ослободување на Македонија, која што тој веднаш ја прифатил и í останал верен до крајот на својот живот. Со совесното извршување на поставените задачи, тој си обезбедил видно место во Серската чета. Потребно е да се напомене дека оваа чета е всушност изворната чета на Гоце Делчев, па така лазоровецот Ристе Огненовски Патероски ја имал ретката чест да војува рамо до рамо со нашиот великан против Турците. Тој се наоѓа и на групната слика направена по советувањето на Серскиот округ во Караќој, февруари 1903 година, на кое 80-тина учесници се советувале по тогаш насуштественото прашање дали во Македонија да се крева востание или пак не.Ристе успеал да ги помине сите премрежија што ги доживеал и целокупниот македонскиот народ во неуспешното Илинденско востание, Младотурската револуција, Првата и Втората Балканска војна и Првата Светска војна. Освен неколку незначителни повреди, апсења и малтретирања успеал својот живот да го среди. Благодарение на убаво научениот терзиски занает, како и на неговата трудољубивост, тој успеал да има сопствен терзиски дуќан во Серес, каде што било и неговото постојано пребивалиште, додека контактите со родниот крај ги одржувал со повремени посети на роднините во Лазорополе. За време на виорот на Втората Светска војна, во 1944 година, успеал сето свое семејство да го повлече во Серес, каде што отворил уште еден дуќан – слаткарница. И кога целото семејство се собрало на едно место и кога се надевале дека работите ќе тргнат во подобар правец, се случила граѓанската војна во Грција, во која тие биле приморани да се бегаат, како и останатите Македонци од Грција.Со сето свое семејство Ристе Огненовски Патероски, заминал во Петрич (Република Бугарија), каде што останал неколку месеци, додека да ги направи неопходните подготовки, за негово преселување во Македонија, во Битола. Во оваа преселба им помогнал многу познатиот битолски доктор Евреинот Абраванел, чиј брат, во 1943 година за време на Втората светска војна, Ристе го криел во својот дуќан во Серес, пред бугарската полициска потера која ги собирала сите Евреи за депортирање во концентрационите логори на смртта.Треба да се истакне дека Ристе Огненовски Патероски за време на Втората Светска војна го симпатизирал партизанското народно-ослободително движење сметајќи го за продолжение на неговата комитска борба за конечно ослободување на Македонија. За таа цел му дал благослов и на синот Рафе Сековски, да го помага партизанското движење.По доселувањето во Битола, откако се дознало дека е жив Илинденец кој го помагал македонското партизанско движење, а за кое што трпело целото семејство, кое во своите три големи преселби за неколку години го изгубиле сето она што го имале, претставниците на новата власт сакале нему да му доделат некое признани или пак Споменица. Но, пркосниот Ристе им одговорил: „Другар, државата е сиромашна, треба да зајакне, а не да се расфрла по луѓето. Јас сум од 10 години на гурбет и ништо не ми треба, ќе си ја изгледам фамилијата!“За жал не знаеме многу за семејството што го формирал. Името на неговата жена не нí е познато, а не знаеме ни точно колку деца имал. Знаеме само за синот Рафе Сековски.Ристе Огненовски Патероски починал во Битола 1953 година и е закопан на гратските Светонеделски гробишта.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post