КОСТО МАРТИНОВ ДИМКОСКИ ПОПОСКИ

КОСТО МАРТИНОВ ДИМКОСКИ - ПОПОСКИ
(1819-1915)
Тој е еден од синовите на поп Мартин Димкоски, првиот учител во Лазорополе. Коста пошол по татковите стапки и самиот станувајќи свештеник и учител (околу 1850 година). Во негово време била изградена новата училишна зграда во Лазорополе (околу 1860 година). По трагичната смрт на својот брат Апостол, а потоа и на снаата Риста Чуреска, го зел кај себе, се грижел и го воспитувал шестгодишниот Василко Икономов, кој всушност презимето Икономов го зел од него. (Дали тоа било прекар или црковен чин не е јасно - заб.м)
Поп Коста Мартинов Димкоски го препишал на мијачки говор ракописот „Слово на мартви погребение“ сакајќи чинот на закопот да им го приближи на своите соселани, за да можат сите да разберат што се зборува. (дотогаш тој чин се изведувал на црковнословенски јазик). Воедно, тој преведувал и евангелски текстови и бил автор на зачувани надгробни слова на македонски јазик.
По наговор на челните луѓе на црковното антипатријаршиско движење (аџи Теофил Аврамов Жунгулоски, Василко Икономов, Димо Ажиески) во септември 1876 година, тој стапил на служба во дебарската грчка митрополија, а со цел движењето да има свој човек во близина на омразениот грчки владика Антим. Поп Коста предадено ја извршувал оваа обврска.
Закопан е зад олтарот на црквата Св. Ѓорѓија во Лазорополе, во црковниот двор, како петти гроб по ред. Со тоа му се оддало признание за неговата активност околу црковните работи.
Зад себе оставил наследници: Мојсо, Данаил, Танаско, Галена, Зуна, Темјана, Олга, Панајота.

изработил Слободан Шошкоски

Литература:
Д-р Александар Матковски, Ѓурчин Кокалески, ИНИ, Сопје, 1959
Блаже Смилевски, Црквата Св. Ѓорѓија во Лазорополе, Македонска ризница, Куманово, 1997
Петар Поповски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски, Штип, 1997

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post