СИМОН ДРАКУЛ
(Лазарополе, 1930 - Скопје, 1999)
(Лазарополе, 1930 - Скопје, 1999)
Раскажувач, романсиер, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач.
Роден е во Лазорополе на 24 септември 1930 година, во познатиот род Дракуловци, од татко Ефто Симонов Дракулоски и мајка, чие што име засега нам ни останува непознато. Основното образование го добил во родното село, но во 1943 година под притисок на балистичките банди заедно со семејството е принуден да бега во Охрид кадешто го продолжува своето образование во шестиот клас. Во 1948 година доаѓа во Скопје, во Првата машка гимназија каде и матурира. Во 1950 година учителствува во с.Ростуши, а потоа се враќа во Скопје каде работи во скопските редакции на весниците Млад Борец и Нова Македонија, дописник е на белградска Политика и вонредно студира на Филолошкиот факултет група македонски јазик. Од 1958 година работел во радио-телевизискиот медиум. Доктор е по историски науки од 1984 година.
Уредник бил во издавачкото претпријатие Кочо Рацин, директор на Драмата на МНТ, член на ДПМ (Друштвото на писателите на Македонија) долгогодини ја извршува функцијата секретар, а од 1953 година и негов претседател во еден мандат, генерален секретар на Сојузот на писателите на поранешна СФРЈ, претседател на Струшките вечери на поезијата, член на редакцијата на списанието Современост. Својата плодна работна кариера ја завршува во ИНИ (Институтот за национална историја).
За прв пат во македонската литература се појавува со расказот Туѓоземјанин, напишан на дваесетгодишна возраст, а публикуван во списанието Современост во 1950 година.
Автор е на книгите Планините и далечините (раскази, 1953), Витли во поројот (раскази, 1956), И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957), Белата долина (роман, 1962), Буни (триптих: Меч и Исихија два романа, драма, 1980), Распаќа (раскази, 1985), Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988), Или смрт (тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место, роман 1989), Жедна месечина (роман 1997), Апостол војвода (монодрама, 1998)
Ги напишал драмите: Немирна рудина, Столбови за небото, Клада, Вампир в село.
Пишува сценарија за повеќе документарни и играни филмови: Скопски репортер бр.1 и 2 (соработник, 1963), Кеј 13 Ноември (репортажа за новоизградениот кеј, 1964), Селидби (документарна репортажа за иселувањето на Галичник, 1965), Скопски репортер бр.4,5 и 6 (соработник 1965), До победата и по неа (воен филм, 1966) за сценариото на овој филм Симон Дракул е награден со Златна арена на тогаш реноминираниот Пулски филмски фестивал, Време без војна (филм, 1969), Цената на градот (воен филм, 1970), Македонска сага (мелодрама филм, 1993).
Потписник е на шесте тома документи под заеднички наслов: Руската дипломатска и општествена мисла и Македонија.
Во неговата преведувачка работа преовладува интересот за руските класици. Самиот тој како особено значајни ги вбројува преводите од руски јазик на: Војна и мир од Л.Н.Толстој, Разорана целина од М.Шолохов, Бедни луѓе од Ф.Достоевски, Зајдисонце од И.Бабељ, Изгореница од В.Аксјонов и др.
Добитник е на наградите Рациново признание за проза и Кирил Пејчиновиќ за превод.
Почина во Скопје на 11 јануари 1999 година.
Извори:
- Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, Личности од Македонија, МИ-АН, Скопје, 2002
Промовиран зборникот „Македонија меѓу автономијата и дележот во избор“ 26.11.2007
Шестиот и седмиот том од зборникот „Македонија меѓу автономијата и дележот во избор“, редакција и превод на Симон Дракул, денеска ги промовираше Институтот за национална историја. Документите се огромна суровинска граѓа за производство на научна вистина за Македонија, или нејзина веродостојна меморија, рече промоторот академик Гане Тодоровски. Документите кои Симон Дракул ги откри и ние денес и ги претставуваме на македонската јавност, јасно зборуваат, името Македонец и македонска нација се одговор на сите наши поделби и страдања од овој период. Тоа е име кое нема никава врска ниту со коминтерната, ниту со комунистичка Југославија“, изјави Јован Донев, промотор на зборникот.„Тоа е име е одговор на сите делби и распределби и се појавува во битолскиот вилает, во 1907 година за прв пат е регистрирано. Име кое можеше од корен да ја измени политичката карта на југоисточна Европа, исто како што тоа може да го стори и денес и најверојатно ќе го стори, зошто документиве кои денес ги претставуваме се добар одговор на бизнисмениот грчко-македонски спор“, додаде Донев. Симон Дракул почина 1999 година и со овие томови се заокружува неговиот труд „Македонија меѓу автономијата и дележот“.
Simon Drakul (Lazaropole, 1930 - Skopje, 1999).He is a writer, researcher and screenplay writer. He worked as a teacher in the Primary School in Rostushe and later, as a part-time student of the Faculty of Philology, he worked as a reporter on "Politika" (Politics), the "Mlad borec" (Young Fighter) and in Radio Skopje as well. Soon after the completion of his higher education he also acquired a Ph.D. in History of Science.From 1958 he worked in the radio and television media, he was director of the drama at the Macedonian National Theater and secretary-general of the Association of Yugoslav Writers, President and Secretary of the Association of Macedonian Writers, President of the Board of the Struga Poetry Evenings, editor and member of editorial staffs. He ended his career at the Institute of National History.Besides short stories and novels he wrote drama texts and film scripts as well.He was given many awards and much recognition among which are the "Gold Arena" for the script of the film "Till Victory and Beyond" at the Pula Festival.