Света Петка
Оваа мала црквичка посветена на Св. Параскева - Петка се наоѓа во непосредна близина на Лазорополе, во правецот на запад. До неа се доаѓа кога од месноста наречена Крс по постоечката пешачка патека ќе започнете да се симнувате некоку стотини метри надолу кон Тресонечка Река. Во првиот дел од патеката се движите по прекрасна планинска падина на која овде-онде наидувате на разновидни дрвја. Овде во летниот период можете да наидете на цели колонии на шумски јаготки кои речиси секогаш се наоѓаат околу бројните џбунови на смрека. Вториот дел од патеката завлегува во шумата, каде што всушност и се наоѓа црквичката. Веднаш до црквичката се наоѓа чешмичка од која во текот на целата година тече по малку вода, за која се верува дека лекува заболувања на очите. Оваа црквичка, особено во летните месеци е една од најпосетуваните како од некогашните жители на селото, така и од нивните наследници и од туристите намерници.
Самата црквичка е изградена од Јосиф Аврамов Куноски на 26 јули 1908 година, податок којшто може да се прочита од натписот кој се наоѓа над влезната врата на црквичката. Повод за изградба на црквичката, според раскажувањата што можат да се слушнат во селото, бил сонот што го сонил, во кој му се претскажало дека водата што тече треба да се собере во чешма зашто е лековита, а во непосредна близина да се изгради црквичка.
Црковниот одбор од селото, во 2004 година изврши целосно реновирање на црквичката Света Петка. Таа беше зајакната со ископување на помошни темели со нови тротоари, наново е исфугирана, кубето е бетонирано со мрежа и препокриена е со ребрест лим, исчистен е стариот малтер и наново е малтерисана. Извадени се старите и поставени се нови подни плочки, изработен е нов потпорен ѕид над црквата, изграден е нов долен ѕид под црквата, изработена е дренажа што ги собира лековитите водички што се исцедуваат од ридот и тие се донесени до чешмата, обновена е старата чешма што постоела и претходно но сега таа е исѕидана со подѕид, скала и проширување. Нејзината околината е исчистена од надвиснатите стари букови стебла, кои претставуваа закана за самата црквичка. Со други зборови на црквичката и е даден нов поубав, збогатен лик и таа претставува вистинско изненадување за сите што по првпат ја посетуваат.
Додека во селото имало постојани жители во текот на целата година, тогаш се почитувале сите црковни правила и обичаи. Еден од тие обичаи била и посетата на црквичката Св. Петка на празникот Балаклија - во првиот петок по Велигден. Во текот на неделата пак, во периодите кога во селото има луѓе, оваа црквичка е посетувана во четврток попладне (спроти петок).
Ве покануваме да ја посетите и Ви гарантираме дека ќе останете вчудовидени од убавината на просторот.