Венценосецот Шаламун изразил желба да го посети Лазарополе

Томаж Шаламун, годинашниот лауреат на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, кој пристигнува утре во Струга, најавил дека сака да го посети живописниот крај во кој е роден поетот Анте Поповски, а организаторите на фестивалот ќе му ја исполнат оваа желба

Годинашниот лауреат на наградата „Златен венец“, словенечкиот поет Томаж Шаламун, пред доаѓањето во Македонија изразил желба да го посети Лазарополе, родниот крај на реномираниот македонски поет Анте Поповски. Желбата на Шаламун, кој во Струга пристигнува утре, со задоволство ќе му ја исполниме, вели претседателот на управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ Славе Ѓорѓо Димоски.
Оваа посета на Лазарополе во рамките на СВП би требало да стане традиција.
Според Ѓорѓо Димоски, Струга е подготвена од утре да ги пречека поетите што годинава доаѓаат во импозантна бројка. Гости на фестивалот ќе бидат 80 поети од сите континенти: Азија - Тајланд, Индонезија, Малезија, Кина, Јапонија, Монголија, Индија, Јужна Америка - Ел Салвадор, Аргентина, Чиле, Колумбија, Уругвај, првпат од мексиканските Кариби, а по долгогодишно отсуство и од Австралија, како и педесетина домашни автори.
Поезијата ќе ги надмине и политичките бариери, а потврда за тоа е и најавата за учество на поетот од Грција, Димитрис П. Краинотис.
- Имавме средба со градоначалникот на Струга и сé е во најдобар ред. На отворањето ќе присуствува највисокиот државен врв, но сé уште не се знае дали традиционалниот коктел во хотелот „Дрим“ ќе го приредува претседателот или премиерот на државава – вели Ѓорѓо Димоски.
Струшкиот поетски фестивал официјално се отвора задутре вечерта, со читање на „Т’га за југ“, во интерпретација на актерите Арна Шијак и Роберт Велјановски, а потоа со концерт на пијанистот Симон Трпчевски во Домот на културата, кој ќе ја отсвири „На Струга дуќан да имам“ и ќе го означи почетокот на годинашното издание на манифестацијата.
Годинава лајтмотив на фестивалот ќе биде „Поезија и музика“. Фестивалот ќе се одржи од 20 до 25 август, а акцент ќе биде ставен на младите поети, кои ќе настапат на три вечери, кога е предвидено да одржат перформанси и миксови на поезија и музика. Во рамките на темата „Поезија и музика“, на вечерите на младата поезија ќе настапат и „Љубојна“ со поезија на Петре М. Андреевски, „Баклава“, Сашо Гигов-Гиш...
Фестивалот подготви и богата издавачка дејност.
Ексклузивитетот, вели Ѓорѓо Димоски, е десеттомното издание на поезијата на истакнати македонски поети-добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, на англиски јазик. „Со тоа ‘Струшките вечери на поезијата’ ќе бидат подготвени за извоз во другите земји“, вели претседателот на управниот одбор.
Поврзувајќи ги уште еднаш поезијата и музиката, организаторите ќе реализираат и програма за претставување на третиот брат од семејството Миладинови. Станува збор за Наум Миладинов, братот на Димитар и Константин Миладинови, кој бил музиколог и малку се знае во јавноста за тоа.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post