5. Именувањето и осветувањето на црквата во Лазорополе

селска црква Свети Ѓорѓија во Лазорополе (5)
текстот е базиран на книгите од почитуваниот г-дин Блаже Смилевски,
„Срцепис за Лазарополе“, издание на Македноска ризница, Куманово, 1995 година
„Црквата Св Ѓорѓија во Лазарополе“, издание на Македонска ризница, Куманово, 1997 година



Именувањето и осветувањето на црквата во Лазорополе
Уште за време на градењето на црквата, а особено кога нејзиното завршување се наоѓало пред самиот крај, се наметнала потребата за тоа на кој светец или настан од православното христијанство, таа да биде посветена. За оваа работа, впрочем како и за сите останати црковни работи, се грижел црковниот одбор, на чие што чело се наоѓал Ѓурчин Кокале, кој несомнено уживал огромен углед на селски главешина, но и на ктитор на црквата. Тој се залагал црквата да му се посвети на Свети Илија, во чест на неговиот татко Илија, кого што неуспеал да го запознае, воедно негова голема желба била чинот на осветувањето на црквата да се изврши на Илинден. Останатите членови на црковниот одбор, но и многу други угледни Лазоровци, инсистирале црквата да се именува според светецот великомаченик Свети Ѓорѓија Победоносецот, со цел да се зачува споменот за Ѓурчина. (името Ѓурчин е изведено од името Ѓорѓија). Како компромис било решено црквата да биде именувана Свети Ѓорѓија, а чинот на нејзиното осветување да се изврши на празникот Илинден, кој од тогаш натаму би се славел како црковна и селска слава.
Црквата Свети Ѓорѓија била осветена на Илинден 1841 година, кога целото Лазорополе биле претесно да ги собере сите гости кои дошле во селото да присуствуваат на свечениот чин, но и да му направат чест на моќниот ктитор Ѓурчин Кокале. Тука дошле моќните мијачки првенци и богати ќеаји како Томо Томоски од Галичник, од Албанците наречен уште и „џимс е крали“ - полукрал, Сарџо Брадиноски од Тресонче, Коло Ќеаја од Росоки, Мино Опута од Битуши и други, кои сите од ред носеле дарови за првата новоизградена црква кај Мијаците по подолго време. Тој ден бил голем празник за Лазорополе. Насекаде ечеле зурли и тапани, по полињата се вртеле на ражен Ѓурчиновите јагниња, а веселбата не запирала.
Ова, како народно предание се пренесувало од колено на колено кај сите Лазоровци, со цел тоа да не се заборави. Особена улога во пренесувањето на ова усно предание имале старите луѓе, особено жените.

ТЕШКИОТ ЖИВОТ НА ЛАЗОРОВЕЦОТ

Povratesko,s. Lazaropole

Macedonia Time Lapse - Sunset after Snowfall HD - Lazoropole - Kolevski Voislav - Vojce

Macedonia Time Lapse - Panorama of Lazoropole HD *** Kolevski Voislav - Vojce

ИЛИНДЕН 2012_МАЈОВЦИ_МАНУКОТ

Lazaropole Sokolica Лазарополе Соколица

Крсте Коловски - автор на фреските од Св. Димитрија

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски
www.bigorski.org.mk

MAKEDONIJA PAT

MAKEDONIJA PAT
МАКЕДОНИЈА ПАТ

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана

Македонско Друштво "ИЛИНДЕН"-Тирана
www.ilinden-tirana.com

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!

Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река!
Да го спасиме сливното подрачје на Мала Река! ДАДЕТЕ ВАШ ПРИДОНЕС, ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА! Save Nacional Park Mavrovo!!! Make your contribution please SIGN THE PETITION!

Blog Post