Летниве денови ги минувам во мојата викендичка во Лазарополе, најубавото и најинспиративното место во државава. Овде сум, буквално, прероден, сликам, планинарам, јавам..., со еден збор, живеам здрав живот. Ги нема главоболките и нервозите од градот. Само енергија за подготовка на нови изложби.
Во неколку мои писанија имам споменато дека Лазарополе го одбрав како место за духовно и физичко надополнување, во недостиг и замена за моето село Бапчор, кое, за жал, историската судбина го остави од другата страна на границата, во Егејска Македонија, Грција! Повеќе од триесет години одам или се враќам од Лазарополе. Во овој изминат период со ова село ги споделив сите годишни времиња, студените зими, прекрасните есенски и пролетни периоди, како и топлите лета! Во 1978 година, кога за првпат се најдов во Лазарополе, многу од селските куќи беа во незавидна состојба, напуштени и во процес на руинирање! Потоа дојде времето на враќање на локалните жители и масовно градење на сопствените живеалишта со сите удобности во нив. Се сеќавам кога во Лазарополе работеше земјоделската задруга „Кочо Рацин“ дружењето со Анте Поповски и Симон Дракул, или со Љубиша Георгиевски, кој не можеше да замисли прошетка без присуство на Анте! Од нив и од многу други соселани ја дознав историјата на селото, за улогата на Ѓурчин Кокале, кој ја изградил горната чешма и црквата „Свети Ѓоргија“ во која пред неколку месеци е откриена новата фреска „Страшниот суд“, дело на Дичо Зографот, роден во соседното село Тресонче! Како и многу други села и Лазарополе ја доживеа современата транзиција! ... (ПОВЕЌЕ, ЛИНК: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1780&ArticleID=119306 )
-------------------------------------------------------------------------
Коле Манев творештвото го приема како веристички одраз на автономни и специфични духовни суштини. Нивниот веризам не е фотографски препис ниту пак фиктивно поимање на животот: подеднакво во овие цртежи има и традиционалистички, и романтичарски - и антитрадиционалистички и антиромантичарски тенденции. Неговиот веризам е конзистентна теза според која животот вон нас е само маргинален одраз на индивидуалните суштини. Нашиот внатрешен немир, соѕидан од блокови психоматерија, е во постојан довик со отуѓувањето и безизлезот.
Академик Анте ПОПОВСКИKole Manev comprend la crèation en tant que reflet authentique de l`essentiel spirituel autonome et spécifique. Son vérisme n`est pas une copie photographique, ni une notion fictive de la vie; dans ses dessins il y a autant de tendances traditionalistes romantiques, qu`antitradionalistes et antiromantiques. Son vérisme est une thèse consistante selon laquelle la vie en dohors marginal de l`essence individuelle. Notre angoissse intéerieure, construite en blocs psychiques, est en correspondance perpétuelle avec de l`aliénation et de l`impasse.
Académicien Ante POPOVSKIСпоред мое мислење, во односот на еден сликар кон човечкото тело е скриена пред сe една негова концепција за човекот. Не случајно актот го среќаваме како доминантен мотив во некои преломни временски раздобја кога се менува сликата за човекот, т.е. кога се случуваат рески мени во антрополочката парадигма на времето, кога човекот е исправен пред нови загатки за својата природа. Затоа колку и да звучи парадоксално можеме да речеме дека сето сликарство, всушност, ги слика драматичните, загадочните, човекови прашања: Кој сум јас? Од каде идам? Каде одам?
Академик Георги СТАРДЕЛОВD` après mon opinion, dans le rapport d`un peintre envers le corps humain c`est avant tout le concept de l`homme qui y est caché dessous. Ce n`est pas par hasard que nous rencontrons le nu comme un motif dominant en certaines époques cruciales où l`image de l`homme, plus exactement lorsque`il y a des changements transchants dans les paradgime anthropologique du temps, lorsque l`homme se trouve dressé devant de nouvelles énigmes sur sa propre nature. C`est pourquoi, aussi paradoxal que cela semble, nous pouvons dir qu`en fait l`art de la peinture peint les questions dramatiques et paradoxales de l`homme: Qui suis-je? D`où est-ce que je viens? Où est-ce que je vais?
Académicien Georgi STARDELOVГАЛЕРИА - GALERIE